Скопје се обидува да направи преседан во меѓународното право доколку ја принуди Европската комисија да ја прифати формулацијата за „македонскиот јазик“ во актуелната спогодба за статусот и контрола на бегалците со службата за безбедност на границите на Европската унија (ФРОНТЕКС), дознава софиски „Труд“ од добро информирани извори.
Заради официјалната промена на името на државата во Република Северна Македонија се налага чисто технички повторно да се потпише веќе постоечката спогодба, при што македонските власти сакаат да вметнат клаузула дека текстот е потпишан на сите јазици на ЕУ и на „македонски јазик“.
Прашањето дека тоа е апсолутно неприфатливо за Бугарија било покренато од високопоставен функционер во генералната дирекција за Миграции и внатрешни работи на Европската комисија, бугарскиот заменик-министер за внатрешни работи Милко Бернер. Тоа се случило на министерската конференција на тема Миграционите предизвици за Источносредоземноморската/Западнобалканската маршрута на 3 мај во Виена.
Според информациите од средбата до кои дошол „Труд“, претставникот на ЕК изјавил дека го разбира обидот на Скопје да направи правен преседан, инсистирајќи при потпишувањето на спогодбата да се вметне и јазична клаузула, што ќе го формулира „македонскиот јазик“. Првичен предлог на ЕК бил текстот да го содржи изразот „потпишано од јазиците на соодветните страни“. Од Скопје, меѓутоа, се спротивставиле дека тоа не е стандардна формулација за овој тип клаузули во спогодбите на ЕУ, што вообичаено се потпишуваат „на сите јазици на ЕУ“ и на конкретниот јазик на другата страна.
Овој договор е во согласност со националните интереси на Република Македонија. Ова е голем чекор и одраз на новиот дух на политичари кои градат мостови, а не рушат. Решени сме да водиме политики кои решаваат проблеми, а не создаваат. Од другата страна имаме пријател и сосед со добра волја. Договорот не треба да биде само текст, туку треба да има душа, да има уште поголем дух и од она што самиот текстот го предвидува“-изјава на Зоран Заев од 26 јули 2017 година
Претставникот на ЕК изјавил дека владата во Скопје била изложена на огромен притисок на опозицијата околу ова прашање и не е подготвена да отстапи. Од Брисел сакале да знаат дали Софија ќе го прифати повикувањето на македонскиот јазик согласно Договорот од Преспа меѓу Скопје и Атина за името на државата во кој тој е определен како „словенски јазик, различен од грчкиот“ или со евентуално појаснување со фуснота за формулацијата од веќе постоечките договори меѓу Бугарија и Македонија.
Бугарската страна инсистирала на тоа дека сите решенија за постигнување компромис во Софија ќе бидат разгледани на највисоко ниво и подвлекла дека Парламентот во Скопје во овој мандат го ратификувал Договорот меѓу Софија и Скопје во кој прашањето е решено со изразот дека тој е потпишан на „уставните јазици на двете држави“.
Од ЕК изразиле разбирање за чувствителноста на прашањето за Бугарија, што го става Брисел под притисок од двете страни, но договорот за статусот на бегалците е од исклучително значење за ЕУ и не може да биде одложуван. Од ЕК им предложиле на Софија и на Скопје да побараат регулирање на ова прашање на двострано ниво на министри за надворешни работи.
Како заклучок од информацијата на средбата бугарската страна го забележува општиот впечаток дека ЕК не сака да ги прифати аргументите на Бугарија и обидот да се убеди дека Софија се обидува да го попречи процесот заради прашање, што веќе е решено со Преспанскиот договор.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.