Мицкоски: Годината што измина економијата растеше со 4.9%, додека нашата е во рецесија.

Објавил: Македонка Димкин | 20 јануари, 2021 10:26

Додека Заев ги казнува децата кои скокаа по крстот, Мицкоски во офанзива по Европа.

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Деновиве бевме сведоци на бруталноста на Македонската полиција кон Македонските граѓани кои ги негуваат своите обичаи,додека од инвестиции ни трага ни глас И додека Заев се вози со мотори по Струмица, Лидерот на опозицијата во офанзива во Европа. Еве што напишпа тој:

Од мојот краток престој во Унгарија можев да видам дека главниот предизвик на младите е како да ги усовршат системите за вештачка интелигенција и нивната примена во секојдневниот живот. Оваа 2021 година очекуваат економски бум, поголем од сите години претходно.

Се зборува за новиот пакет од 5.18 милијарди долари евтини кредити кои ќе бидат на располагање на домашните бизниси како директна помош за економијата. Годината што измина економијата растеше со 4.9%, додека нашата е во рецесија.
Денес сум во Љубљана, Словенија, доцна попладне ќе имам средба со премиерот Јанез Јанша. Земјата оваа година се подготвува за овогодинешното претседателство на ЕУ.
Дискусиите се за водењето на зелените политики. Во здравството, Владата на Словенија очекува до почеток на летото 70 проценти од вкупното население да биде вакцинирано против ковид вирусот.
Словенија нарача 3.227.948 дози на вакцини, Светот оди напред со големи чекори!

А кај нас главно е тоа што нема вакцини, освен оние кои се добиени како донација, што е премала количина за вистинските потреби.
На пациентка ѝ се извадени човечки органи, а сѐ уште не станува збор за одговорност на било кој.
Полицијата ги казнува оние што чествуваат Водици, а ги остава вистинските криминалци да дивеат по улиците.
Важно, најавен е нов петти пакет на мерки, откако претходните четири немаа никаков реален ефект во економијата, освен намената поради која е и овој нов пакет, а тоа е поткупот.

Заглавени помеѓу тендерите на власта за приватни џебови, мафијашкиот попис и продажбата на идентитетот, додека земјава стои во слепите сокачиња на патот кон ЕУ, граѓаните губат уште една важна година од своите животи во чекање додека светот оди напред.
Затоа кажувам: Доста е! Мора да се стави крај на политичарите криминалци и на неспособноста.
Иднината е наша и ќе се бориме за неа! За овие и сите идни генерации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...

Распоредот на кандидатите на гласачкото ливче со жрепка беше утврден вчера на седница на ДИК, а поради актуелната ситуација со ковид-19, не беа присутни претставниците од политичките партии, коалициите и групите избирачи.

Во тек подготовките за изборите, од понеделник почнува изборната кампања

Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните...

Под градежно вештачење се подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните хемиски својства и дали истите се според пропишаните стандарди, вели професорот и архитект Мишко Ралев.

ОЈО: НАЛОГ ЗА ГАРДЕЖНО ВЕШТАЧЕЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената модуларна болница во...