сабота, 4 јули 2020

MK/ EN/ DE



За телевизијата Би-Би-Си, Јункер изјави дека верува оти Брегзит ќе се случи на крајот на последното продолжување на излегувањето на Велика Британија од Унијата, додавајќи дека Брегзит е предолга приказна што треба да заврши.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 ноември, 2019 10:33

Додека Македонија чека датум, Британија се бори да ја напушти ЕУ до 2020

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Додека Македонија чека датум за преговори за влез во ЕУ, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер истакна дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија до 31 јануари следната година.

За телевизијата Би-Би-Си, Јункер изјави дека верува оти Брегзит ќе се случи на крајот на последното продолжување на излегувањето на Велика Британија од Унијата, додавајќи дека Брегзит е предолга приказна што треба да заврши.

Борис Џонсон , британскиот пак претходно изјави дека ќе постигне трговски договор со ЕУ до крајот на декември 2020 година.

На референдумот во Велика Британија на 23 јуни 2016 година, 51,89% од гласачите гласаа за Обединетото Кралство да ја напушти Европската унија. Британскиот премиер Тереза го иницира процесот на излез на Велика Британија од Унијата

Додека некои британски пратеници мислат дека лесно ќе се постигне договор, Јункер потсети на фактот дека слични преговори со Канада „траеја со години“.

Инаку Обединетото Кралство уште пред три години изгласа да ја напушти Европската унија на историскиот референдум.

На тој референдум за напуштање на ЕУ гласаа 52 отсто од излезените гласачи, додека 48 отсто гласаа за останување во Унијата.

Англија и Велс цврсто го поддржаа излегувањето од Унијата, додека Лондон, Шкотска и Северна Ирска беа строго за останување.

Приврзаниците на Брегзит резултатите ги поздравија како „ден на независност“, додека поддржувачите на ЕУ за резултатите рекоа дека се „катастрофа“.

Фунтата падна рекордно ниско во однос на доларот од 1985 година до сега.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ким зборуваше на партиската средба за вирусот корона, додека Северна Кореја ги затвори границите и воведе карантин пред шест месеци.

КИМ СЕ ПОФАЛИ СО УСПЕХ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Детално го планиравме спречувањето на вирусот!

Водачот на Северна Кореја Ким Јонг Ун го поздрави „големиот успех“ во борбата против...

Иако сега пламенот е ставен делумно под контрола од локалната противпожарна единица, ветерот беше тој кој дополнително го отежнува целосното гаснење.

ГРЦИЈА ВО ПЛАМЕН: Пожари на грчките острови Евија и Крит

Големи пожари избија вчера на грчките острови Евија и Крит, а ветерот дополнително...

Светската здравствена организација предупреди дека пушењето е поврзано со поголем ризик од тешка коронавирусна болест и смрт кај болнички пациенти, иако не може да прецизира колку точно тие ризици можат да бидат повисоки.

ОТКРИЕНА ВРСКА МЕЃУ КОРОНАВИРУСОТ И ЦИГАРИТЕ: Пушачите ова мора да го знаат!

СЗО посочи дека пушачите сочинуваат 18% од хоспитализираните пациенти со коронавирус. Светската...

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус рече дека дневно се регистрираат до 160.000 случаи и ги повика сите земји да преземат сеопфатен пристап во борбата против вирусот.

СЗО ГО ПРЕДУПРЕДУВА СВЕТОТ: Пандемијата е се повеќе присутна, придржувајте се до мерките за заштита!

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека 60% од 10 милиони пациенти ширум...