Синоќа Македонската кошаркарска федерација ги додели признанијата за најдобрите кошаркари во 2018 година.

Објавил: Сара Фемина | 25 декември, 2018 11:56

Доделени признанијата за најдобри кошаркари во 2018

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската кошаркарска федерација синоќа ги додели признанијата за најдобрите во 2018 година.Свеченоста започна со признанието за најдобра млада кошаркарка, а замина во рацете на Илина Селцова.

Наградата за најдобар млад кошаркар замина во рацете на Виктор Ефремовски кој ги брани боите на Работнички, тимот со кој тој ја освои титулата во домашното првенство во сениорската конкуренција како и во конкуренцијата до 20 години.

Две признанија освои екипата на Работнички, за најдобар тим во сениорска и во младинска конкуренција. Кај женските наградата за сениорска екипа замина во рацете на Бадел 1862 додека во младинските категории признанието го доби Струга 2009. За најдобар тренер за младински тим во женска категорија трета година во низа замина во рацете на Анета Глигорова, Александар Јованчев го освои признанието во машката. Игор Митровски својата 24 сезона како арбитер ќе ја запамети по уште едно признание за најдобар кошаркарски судија.

За најдобра македонска кошаркарка признанието замина во рацете на капитенот на сениорската репрезентација, Анџелика Митрашиновиќ додека во машка конкуренција МКФ одлучи да ги награди капитенот Војдан Стојановски и Бојан Трајковски.

Петар Наумоски (роден на 27 август 1968 во Прилеп) — поранешен македонски кошаркар и кошаркарски функционер.Во периодот од 2002 до 2006 година, Наумоски бил пратеник во Собранието на Република Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. По завршувањето на мандатот, во 2006 година, Наумовски побарал и користел апанажа во траење од една година.

„Би сакал да им честитам на сите што се закитија со наградите од МКФ. Истовремено да посочам и на оние што не се најдоа да веруваат во себе, за наредната година да се најдат тука. Тоа го покажа нашиот млад тим М16, кој беше аутсајдер. Никој не веруваше во нив, но како што видовте, тие се вратија како јунаци и влегоа во А-дивизија, која донесе гордост за нас. Верувам дека во иднина многу ќе станат и сениори. Исто така, позитивни резултати имаше и А-селекцијата, по оној мал пад пред две години. Пак се враќаме на старите стази. Имаме поддршка од јавноста. Се надевам дека кошаркарите водени од Давитков ќе дојдат до ЕП и ќе бидат онаму каде сакаме сите да ги видиме. Се надевам дека во наредната година сите ќе имаме поуспешна работа и уште поуспешни резултати“ – потенцира Претседателот на МКФ, Петар Наумоски по доделувањето на сите признанија.

Наградени по категории:

Најдобра млада кошаркарка – Илина Селцова.

Најдобар млад кошаркар – Виктор Ефремовски.

Најдобар тим во младинска конкуренција – Работнички.

Најдобар тим во сениорска конкуренција – Работнички.

Најдобра женска екипа во младинска конкуренција – Струга 2009.

Најдобра женска екипа во сениорска конкуренција – Бадел 1862.

Најдобар тренер за младински тим во женска категорија – Анета Глигорова.

Најдобар тренер за младински тим во машка категорија – Александар Јованчев.

Најдобар судија – Игор Митровски.

Најдобра македонска кошаркарка – Анџелика Митрашиновиќ.

Во машка конкуренција МКФ одлучи да ги награди капитенот Војдан Стојановски и Бојан Трајковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Кошарка

Ваквата одлука беше донесена денеска на Изборно собрание во Скопје каде, тој беше едногласно избран како единствен кандидат, откако преостанатите конкуренти се откажаа од трката, а Петар Наумоски кој досега беше предводник на МКФ, одлучи да не бара нов мандат.

Перо Антиќ е избран за прв човек на МКФ

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ е новиот претседател на Македонската кошаркарска...

И додека многумина кои се со поинаква националост од Македонската, го потиснуваат македонското во себе, Охриѓанецот Чеди е ГОРД МАКЕДОНЕЦ!

(ФОТО) Чеди Осман на НБА Аll star ќе настапи со патики во боите на Македонија и Турција

Турскиот кошаркар Чеди Осман родум од  Охрид а настапува за тимот на Кливленд...

Уште еден негативно случување на граничниот премин "Јариње". Имено, целиот тим од Кошаркарскиот клуб Партизан беа спречени на граница,да влезат во Косово.

Забрана на Косово – Кошаркарите на Партизан не добија дозвола да влезат во Косово

Српскиот клуб Партизан се упати кон Косово да даде голема поддршка на своите сонародници,...