-Бошњаците можат да сонуваат што сакаат и тоа не е забрането. Меѓутоа, посакувам Република Српска да биде самостојна, што е многу реално.

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 февруари, 2021 6:38

Додик: Реално е Република Српска да стане самостојна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, изјави дека посакува Република Српска да стане самостојна.

-Бошњаците можат да сонуваат што сакаат и тоа не е забрането. Меѓутоа, посакувам Република Српска да биде самостојна, што е многу реално.

Верувам во реалноста која се вика Република Српска, а не верувам во имагинацијата наречена БиХ.

Соработката со НАТО е прифатлива, но не и членството во тој сојуз, изјави вчера српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

“Нема интеграција во НАТО, тоа е јасна работа! Ние истрајуваме со месеци на ваква приказна, така што оние кои се за членство конечно ќе разберат дека никој нема да дојде од страна и ќе не принуди да го прифатиме тоа”, рече тој.

Додик посочи, дека сите земји имаат некаква соработка со НАТО.

“Србија, исто така, има некаква форма на соработка. Русија тоа го имаше и порано. Во моментов, таа е замрзната, но може да се очекува дека во иднина ќе има некаква форма на соработка”, рече тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вакцинацијата против коронавирус во Албанија продолжува со несмалена динамика и до сега имунизирани се 250.676 лица, објави министерката за здравство Огерта Манастирлиу преку видеозапис на Фејсбук.

Во Албанија вакцинирани над 250 илјади лица

Вакцинацијата против корона вирусот во Албанија продолжува со несмалена динамика...

Учеството е над 90 отсто, а во изминатите седум дена, во просек е 93 проценти и станува збор за 10 до 12 илјади вакцинации дневно!

Грчкиот министер за здравство: Во јули колективен имунитет во Грција

До крајот на јуни или средината на јули ќе биде вакциниран еден голем дел од грчкото...

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката партија на премиерот Бојко Борисов, но би можело да биде тешко да се најдат коалициски партнери заради слабиот одѕив среде стравувањата од пандемијата.

Бугарите денеска избираат нова Влада, се очекува победа на Бојко Борисов

Бугарите денеска гласаат на парламентарни избори и се очекува да победи десноцентристичката...