Но доколку се изненадите од високата сметка за струја треба да знаете дека и вие имате уддел со тоа што не ги исклучувате уредите за кои сметате дека не трошат многу електрична енергија но грешите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јануари, 2020 11:06

Доколку ви стигаат високи сметки за струја исклучете ги овие уреди во домот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јануари е месецот кога сметката за струга е највисока. Едно поради празниците овој месец, друго бидејќи е најладен.

Но доколку се изненадите од високата сметка за струја треба да знаете дека и вие имате уддел со тоа што не ги исклучувате уредите за кои сметате дека не трошат многу електрична енергија но грешите.

Иако  можеби не сте знаеле, но од сега практикувајте да ги исклучувате апаратите кои не ги користите бидејќи трошат енергија и додека се во состојба на мирување.

Така на пример многумина од нас го оставаат полначот за мобилен телефон во штекер уклучен сметајќи дека тој не трошо многу електрична енергија но иако вистина полначот не троши многу сепак троши.

Освен што со исклучување на уредите ќе заштедите струја, ќе се заштитите и од удар на гром.

Истото се случува и со дигиталните ТВ приемници кои продолжуваат да примаат сигнали и кога телевизорот е исклучен. Совет за вас кога го исклучувате телевизорот исклучете го и дигиталниот ТВ приемник кој троши 22 вати на ден иако е исклучен. Ваквата ситуација важи и за телевизорите. Секој од нас смета дека тој е исклучен доколку на копчето дадете команда за исклучување, но всушност така го ставаме во мирување.  Доколку не сте знаеле, телевизорот целосно можете да го исклучите само ако го извлечете кабелот од штекер, бидејќи иако не сте го уклучиле цел ден тој троши 24 вати на ден.

Статичните и лап топ компјутерите се неверојатни потрошувачи на стрја. Доколку не сакате да ви потрошат 95 вати на ден, подорбо исклучувајте ги од штекер. Доколку ги ставите на „stand by“ потрошувачката е уште поголема.

Она што сигурно не сте го знаеле е дека електричните уреди на кои има мерач на време, кои го покажуваат времето додека се исклучени трошат дополнително 108 вати на ден. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.