„Во зависнот од индикаторите ако има потреба, дефинитивно да“, кажа Филипче.

Објавил: Перо Милчин | 14 април, 2021 12:59

Доколку има потреба полицискиот час ќе биде продолжен и по 20 април, вели Филипче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче денеска за новинарите изјави дека доколку има потреба по 20 април повторно ќе се продолжат рестриктивните мерки.

„Во зависнот од индикаторите ако има потреба,  дефинитивно да“, кажа Филипче.

Денеска имаме повторно еден тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Бројот на новодијагностицирани е околу 1000, што потврдува дека епидемиолошката крива е во континуиран пад и тоа еден добар податок. Тоа значи дека мерките во рамките на предвидувањата ги даваат своите резултати, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека притисокот во болниците е се уште голем со оглед на тоа што се уште има голема бројка на дијагностицирани.

– Во сите јавно-здравствени установи согласно распоредите и прераспределбата на пациенти има слободни болнички кревети и во Скопје на Интерните клиники и во ковид – центарот во Заводот за рехаблитација во Козле, како и во другите градови. Се прави прераспределба на пациенти од другите градови ако треба. Во овој момент се преоптоварени болниците во Куманово и во Битола и тоа на дневно ниво го менаџираме, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот...

Според нашите сознанија компанијата Фајзер е најдалеку отидена во овој дел, изјави Филипче во вчерашното гостување во дневникот на Сител.

Засега препорака за трета доза само од една компанија, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека засега само американската агенција...

Вакцинацијата, како што велат од МЗ, се одвива непречено на сите пуктови низ државата, а во тек е и теренската вакцинација. Досега вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.

Вакцинирани вкупно 712.338 граѓани, 51 процент над 40 години имаат примено една доза

Министерството за здравство вечерва соопшти дека заклучно со вчера вакцинирани се...