Внимавајте кога купувате производи на кои е посочено дека се посни

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2019 23:41

Доколку постите особено внимавајте на ова: Овие намирници се продаваат како посни, но не се

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Велигденскиот пост веќе започна, и секако оние кои постат внимаваат на својата исхрана. Постот подразбира да не се внесува мрсна храна, односно месо, млечни производи, но бидејќи ова е најстрог пост се ограничува и јадењето на риба и масло, тие може да се конзумираат во одредени денови.

Но внимавајте кога купувате производи на кои е посочено дека се посни. Секако секој верник кој одлучил да пости најрво ја прегледува декларацијата на производот и од што се состои. Многу пати се случило токму онаа храна растителна маст, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, всушност да не се од растително потекло.

Често се сучува растителните сирења да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот па доколку купувате растителен кашкавал, задолжително проверете дали содржи казеин протеин.

Треба да знаете дека посно е само сирењето од соја.

Исто така внимавајте и со лебот, бидејќи во одредени пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост.

Внимавајте и со смоките и останатите грицки, какко што напоменавме и претходно задолжително читајте ја декларацијата, бидејќи токму тие содржат млеко во прав и какао путер, состојки кои не се посни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

На почетокот сметаш дека тоа ќе ти донесе нешто, со текот на времето и ќе се навикнеш, но на крај ќе сфатиш дека само губиш време.

Животот почнува дури тогаш откако ќе престанеш да им угодуваш на другите

Го губиш своето „јас“ за да задоволиш илјадници други што никогаш нема да се отворат...

Бил Гејтс е основачот на Microsoft заедно со Пол Ален и еден од највлијателните луѓе во информатичката индустрија.

Според истражувањата на БИЛ ГЕЈТС овие три образованија ќе бидат најбарани во светот!

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс на основа од бројни податоци кои ги собирал, тврди...