
Македонија
Вести
Хируршките сали работат ама на “шкрги”.Секоја клиника посебно се бори да прими пациенти за операција.
Во моментов функционираат само две сали, а директорите мораат да се снаоѓаат сами и да прават итни јавни набавки за надворешни компресори, за како-така да функционира хирушкиот блок. Надлежните и по 20 дена откако престанаат да работат кислородните пумпи на Клинички, проблемот не го решија. Дали и кој ќе понесе одговорност за овој колапс на системот – сите креваат раменици. Директорот на ортопедија, вели дека намалениот интензитет на работа последниве три недели ги зголемила двојно листите на пациенти кои чекаат операции.
“Со надворешните компресори досега се изведени околу 70 оперативни зафати…половина на Трауматологија, половина на Клиниката за ортопедија. Работиме во намален интензитет.Ако претходно на ортопедија сме оперирале дневно околу 15 случаи сега во една сала во две смени може да поставиме максимум до седум случаи.Предност имаат пацинетите со малигни заболувања” вели, др.Александар Трајановски – директор Клиника за трауматологија и ортопедски болести.
За смрдеата во хирушкиот блок, пред неколку дена од Заедничките служби топката ја префрлија на клиниките. Но според директорот Трајановски, тие не биле надлежни за проблемот со компресорите. Тој вели дека се додека не се обезбедат соодветни услови на клиниките, на хирурзите им се врзани рацете за работа.
“Треба да се испита целата компресорска станица, која не е во наша надлежност.Кога ќе добиеме одговор дали и кога ќе се менува, тогаш би можеле да се вратиме во целосна функција односно да бидат активни сите операциони сали.Како набавуваме компресори така отвараме операциони сали.Моментално, трпи притисок и КАРИЛ и таму пациентите се со компресор” – вели др. Трајановски.
Дека летото дополнително ќе влијае на листата за чекање која е киломтарска вчера алармираше и урологот Башким Шабани.Тој кажа дека лекарите се притиснати на ѕид, и тоа не по своја вина. Според него, најзагрижувачки е што меѓу пациентите кои се на чекање има и малигно болни на кои колапсот на системот им ја пролонгира голготата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.