
Македонија
Вести
Дежурните лекари примиле 29 лица кои претерале со пиењето за време на прославата, но велат сите биле лесни случаи и по неколку часа на Клиника ги пуштиле дома. За среќа, токсиколозите велат синоќа немале пациенти предозирани со психотропни супстанци.
Најстариот, пак кој завршил на Токсикологија имал 63 години.
Директорот на Ургентниот клинички центар д-р Алберт Леши изјави дека во текот на изминатите 24 часа на Ургентен биле прегледани 105 пациенти.
Од нив, 13 се примени на Хируршките клиники, шест биле со повреди во сообраќајни незгоди, тројца пациенти со повреди од пиротехнички направи и еден пациент бил донесен од Градската општа болница „8 Септември“ со повреди од остар предмет.
Одговарајќи на новинарско прашање, д-р Леши рече дека меѓу повредените пациенти има од сите возрасти. Тој додаде дека во споредба со претходната година бројот на примените пациенти е многу помал.
За пациентот кој бил донесен од ГОБ „8 Септември“ во Ургентниот центар околу 18 часот во алкохолизирана состојба, д-р Леши рече дека бил повреден од остар предмет во семејна расправија.
(МИА)
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.