Тој рече дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на напредок во болеста, пренесува Би-Би-Си.

Објавил: Стојче Бушин | 9 октомври, 2020 8:57

ДОКТОРОТ НА ТРАМП ПОРАЧА: Претседателот реагира исклучително добро на терапијата, може да се врати на јавните должности

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп го заврши третманот со вирусот ковид-19, а викендов може да се врати на јавните должности, изјави денеска неговиот лекар Шон Конли.

Тој рече дека Трамп исклучително добро реагирал на терапијата и дека е во стабилна состојба, како и дека не покажува знаци на напредок во болеста, пренесува Би-Би-Си.

Според него, сабота ќе биде 10-от ден од утврдувањето на дијагнозата, а врз основа на напредната дијагностика што ја користи медицинскиот тим, тој ќе може да се врати на јавните должности.

Трамп треба да биде тестиран на Ковид-19 денес, и како што рече, се надева дека ќе одржи нов предизборен митинг викендов, најверојатно на Флорида.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во светот надмина 36 милиони лица, откако во изминатите 24 часа се потврдени 338.779 нови случаи, соопшти Светската здравствена организација.

Бројот на смртни случаи од последици на Ковид-19 е зголемен за 5.514 и достигна речиси 1,05 милиони луѓе.

Според последните податоци на СЗО, вкупниот број на заболени од Ковид-19 во светот изнесува 36.002.827, а починати се 1.049.810 пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новата црногорска влада, како што предложи, ќе има 12 оддели. Тој го предложи водачот на ГП УРА, Дритан Абазовиќ, за заменик-премиер.

ОВИЕ СЕ КАНДИДАТИ ЗА МИНИСТРИ ВО ЦРНА ГОРА: Кривокапиќ за составот на новата Влада-Абазовиќ, потпретседател, еве кој ќе го води МУП

Мандатарот Здравко Кривокапиќ ги претстави кандидатите за министри на 42-та Влада на...

Според него, буџетот предложен од Владата за следната година не одговара на постојните предизвици и ќе резултира со уништување на домаќинствата и деловните субјекти, а новата влада што ќе се формира по парламентарните избори напролет ќе се соочи со празна каса.

РУМЕН РАДЕВ: Бугарија ја очекува празна каса, ќе се уништат домаќинствата и деловните субјекти

Бугарскиот претседател Румен Радев ја критикуваше владата за нејзиниот третман на...

Рано изутрината во петокот, полициски службеници упаднаа во 180 куќи, а уапсени беа 45 лица, кои го запреа ланецот шверц со кој мафијашката група оствари профит од 100 милиони евра во првите шест месеци со увоз на 45 тони кокаин, објави Европол.

НАЈГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Уапсени 45 лица, разбиен синџир за шверц на дрога од Бразил кон Европа, запленети милиони евра

Повеќе од 1.000 полицајци во шест различни земји, потпомогнати од силите на Европол, уапсија...

Тој во видео објавата на социјалните мрежи во четвртокот вечерта рече дека Конгресот нема да донесе декрет за воведување на задолжителна вакцинација и дека нема да се бара тоа од граѓаните.

БОЛСОНАРО ПОРАЧА: Нема да примам вакцина за коронавирус, тоа е мое право

Бразилскиот претседател Болсонаро изјави дека нема да прими вакцина против вирусот...