Елези по успешно завршеното образование во Истанбул, се врати во земјата и пред еден месец успешно ја изврши првата хируршка интервенција во ГОБ „8-ми септември“ во Скопје.

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 9:10

Доктор Елези успешно ја изврши првата операција за „скратување желудник“ за намалување телесна тежина!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Луѓето со поголема телесна тежина сега веќе нема потреба да патуваат надвор од Република Македонија за да извршат хируршка интервенција „Скратување на желудникот“, односно bariatric sleeve gastrectomy.

Сега истата оваа операција сега може да се изврши и во Република Македонија и тоа кај познатиот хирург Газменд Елези од Кичево кој повеќе од дваесет години работи во Скопје во градската болница „8 Септември“. Доктор Елези досега успешно има направено над 2.000 хируршки интервенции за многу други разни болести, вклучувајќи канцер на дојка, на желудник, црева и многу други сложени интервенции.

Уште побитно и поважно, како што вели доктор Елези, е што оваа операција придонесува за намалување на вишокот килограми со што индиректно се намалува можноста за да се добијат многу други болести кои инаку доаѓаат како последица од прекумерната телесна тежина.

Елези по успешно завршеното образование во Истанбул, се врати во земјата и пред еден месец успешно ја изврши првата хируршка интервенција во ГОБ „8-ми септември“ во Скопје кај првиот пациент за „скратување на желудникот“ . Тој рече дека за него е многу битно дека првата операција, се изврши успешно и дека пациентот се чувствува многу добро. Тој наведе дека сите пациенти по интервенцијата за неколку месеци без поголеми тешкотии се враќаат на идеална телесна тежина и, што е многу важно, немаат никакви естетски последици од операцијата.

„За мене е многу битно дека интервенцијата за скратување на желудникот се изврши успешно и дека пациентот се чувствува многу добро. Важно е дека пациентите почнаа да сфаќаат дека дебелината е болест и има тешки последици, а оваа метода дефинитивно е докажана како многу успешна за намалување на прекумерната телесна тежина.

Овие пациенти по интервенцијата за неколку месеци без поголеми тешкотии се враќаат на идеална телесна тежина и, што е многу важно, немаат никакви естетски последици од оперативниот третман, кој што се изведува лапароскопски. За вакви интервенции веќе пациентите не мора да патуваат надвор од нашата земја , што беше случај досега“, вели доктор Елези.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.