-Кардиохиругијата и медицината имаат периоди на моќ и на немоќ, рече Филипче.

Објавил: Перо Милчин | 23 мај, 2020 17:50

ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ: Ова хумано дело ги обедини граѓаните на Република Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, заедно со тимот кој ја изведе првата трансплантација на срце со изјава за медиумите пред Клиниката за Државна Кардиохирургија.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека денеска испишавме историја бидејќи за првпат во нашата земја беше направена трансплантација на срце од починат дарител.

-Еден чин, еден акт, една организација, предоперативна примена, оперативна интервенција, и постоперативен тек што сите нас овде не прави сите нас овде многу горди. Трансплантацијата немаше да биде можна без еден друг чин на човекољубие на алтруизам поради тоа што семејството Диневи пред неколку дена ја загубија својата сакана мајка и сопруга и после дијагностицирањето на мозочната смрт, се согласија да ги донираат срцето и бубрезите на починатата, рече Филипче.

-Кардиохиругијата и медицината имаат периоди на моќ и на немоќ, рече Филипче.

До вчера не бевме моќни да го спасиме животот на Иван Огњановски и тој самиот, медицинските тимови беа свесни дека ги живее последните денови, но со овој чин на алтруизам на семејството Диневи, на Миле, Влатко и Викторија, со нивна согласност, срцето на нивната сакана сега чука тука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот, рече министерот.

Докторот Жан Митрев се заблагодари на министерот Филипче за тоа што ги сплотил сите лекари заедно и успеале во операцијата.

Од минатата година за првпат во Македонија се дозволи вградување на вештачки срца, што беше првиот исчекор кон ова. Се покажа дека ги имаме сите капацитети и можности. Сакам да се заблагодарам на министерот Филипче, кој не организира и сплоти со една цел да ги лекуваме пациентите – изјави Митрев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Во сите останати градови, се забранува движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до петок (5 јуни) до 05:00 часот наутро. Во сите останати општини, во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Забрана за гробишта за Задушница: Полициски час од 80 часа во половина Македонија!

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести,...

Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна. Оваа девојка освен што има вирус имала итна хирушка интервенција на друга клиника и била во критична состојба.

Не вратија од мртвите, сведочат за Телма пациенти со КОВИД 19, кои лежат на Инфективна!

Ова е Заир Селмани од Куманово. Верува во бог ама и во докторите кои му го спасиле животот....

-Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку е оваа лоша болест кога ќе се рашири.

ЖАН МИТРЕВ: Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19!

Луѓето не баш сериозно го сфаќаат сето ова со Ковид-19 и како да немаат сознание колку...

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години.

ЦРН ПОНЕДЕЛНИК: 89 новозаразени со коронавирус, починаа седум лица во Македонија!

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19. –...