Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и да земат нови годишни одмори.

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 мај, 2021 18:54

Доктор Пановски за Фокус: Олабавувањето на мерките е очекувано, граѓаните да не се групираат

Фото/Текст извор: ©фокус

Очекувано беше олабавувањето на рестриктивните мерки со оглед на тоа дека бројот на заразени и хоспитализирани се намалува, но и од економски и психолошки причини, сепак најважни се полициските контроли кои би оневозможувале групирање и секако личната одговорност на граѓаните вели за „Фокус“ професор доктор Никола Пановски.

-Есенскиот бран го поминавме без посериозни мерки, затоа сега со оглед на тоа дека времето е топло, може да се проветрува, да се седи на отворено, во тек е процесот на вакцинација, не би требало да очекуваме зголемување на бројот на заразени, но бидејќи следуваат празници, апелирам на почитување на мерките за забрана на групирање, вели доктор Пановски.

Во однос на зголеменито број на деца во градинките, според него не би требало да биде од големо влијание бидејќи за разлика од учениците овие групи се поконтролирани, нема шетање по ходници и групирање.

-Според мене најголема глупост е носењето маска на отворено, секако постојано го повторувам тоа, додека сте во група, затворен простор во ред е да се носи маска но апсурдно е да шетате на Водно и да носите маска, појаснува Пановски.

Според Пановски доцнењето на вакцините веројатно ќе ја одложи следната учебна година, а се надева дека тековната ќе остане онлајн токму поради склоноста кон групирање на учениците.

Полицискиот час да трае од полноќ до пет наутро, кафеаните, само на отворено, да работат до 23.30 и да се отворат фитнес центрите и теретаните, предлага Комисијата за заразни болести нови полабави мерки, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот ќе ги предложи новите мерки на Главниот координативен кризен штаб во Владата, како што вели, „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“.

Со новите мерки ќе се доволи и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно со присуство на 30 % од целосниот капацитет.

Капацитетот на градинките се зголемува од 15 на 20 деца во групи

Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и да земат нови годишни одмори.

Во земјава се намалува бројот на заболени и хоспитализирани од ковид-19, но смртноста и натаму останува голема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Деканот на факултет за медицински науки проф. д-р Милка Здравковска потенцираше дека обуката со која се стекнале студентите во „Аџибадем Систина“ е огромно значење за нивниот понатамошен професионален ангажман.

ПРВАТА ГОДИНА ОД АКАДЕМСКАТА ПРАКСА ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЗАВРШИ УСПЕШНО – ПРОЕКТОТ ПРОДОЛЖУВА И СЛЕДНАТА ГОДИНА

На 9 ноември 2020 година Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во соработка со Факултетот...