Директорот на ГОБ 8 Септември

Објавил: Калина Мартинска | 19 март, 2025 13:07

Доктор Стојаноски: Во Македонија се хоспитализирани 64 пациенти, трансферирани се 101

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Директорот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, доктор Синиша Стојаноски ги посочи новите детали за бројот на хопситализирани пациенти.

-Неколку тимови на странски лекари кои што соаѓаат од реномирани центри кои што се строго специјализирани токму за ваков тип на повреди, а такви доктори се и од ВМА во Белград, од болницата од Израел и од Чешка, веќе работат со тимовите во ГОВ „8 Септември“ и ги санираме повредите на оние пациенти кои не се критични и кои веќе имаат потреба од подготовка за следната фаза.  Во моментов во Македонија имаме вкупно 64 пациенти во јавните здравствени установи, во Систина 8, 5 во Жан Митрев. Значи вкупно хоспитализирани се 77 од повредените. 101 од пациентите се трансферирани, рече тој.

Стојаноски посочи дека она што радува е дека сегашните трансфери кои се прават не се во насока на пациенти кои се критични и интубирани, туку сега се прави тријажа на пациенти спрема степенот и опсегот на изгореници.

-Оние кои имаат најголем процент и највисок степен на изгореници се трансферираат во референтни центри кои се строго специјализирани за третман на ваков тип на пациенти, рече тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести