Тоа што Заев, Филипче и СДСМ си ја префрлаат одговорноста за трагедијата во Тетово со коалицискиот партнер ДУИ, воопшто не ја интересира јавноста!

Објавил: Сара Фемина | 25 септември, 2021 13:53

Документите за завршената модуларна болница во Тетово не биле потпишани од инженер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Колку и да се обидуваат да си ја префрлаат вината меѓу себе, СДСМ и ДУИ се најповиканите на одговорност во случајот со катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница. Од почетокот на изградбата, па се до трагичниот настан модуларните болници ги следеле низа на сомнителни постапки и огромни пропусти.

Прво, самиот факт што болницата изгоре за само 3 минути го поставува прашањето за небезбедните ПУР материјали со кои била направена тетовската модуларна болница, а кои се лесно запаливи.

Второ, сведоштвото на очевидци дека во објектот во кој живи изгореа 14 пациенти немало противпожарни апарати и систем за рана детекција на пожари.

Трето, објектите биле предавани во употреба без технички прием, без одобрение за градба или што би рекол Заев исто како летна тераса на ресторан.

Четврто, на примопредавањето на објектите не присуствувал инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување кој бил должен да го провери објектот од евентуална опасност од пожар и експлозии и да го одобри објектот како безбеден.

Петто, според информациите на медиумите во документите како надзор по завршување на изградбата на модуларните болници нема потпишано инженер кој би гарантирал за квалитетот на објектот. Ваков објект без гаранција од инженер бил пуштен во употреба и лекување на пациенти, што е врвот на неодговорноста.

Шесто, според податоци во јавноста документацијата за проектот од Министерството за труд и социјална политика не е идентична со тендерската документација на министерството за здравство кое го давало решението за градба на модуларните болници.

Седмо, Зоран Заев и Венко Филипче летаа со хеликоптери за да прават увид на поставувањето на модуларните болници, а сега бегаат од одговорноста за трагедијата. Тоа е бесрамно и мизерно.

Тоа што Заев, Филипче и СДСМ си ја префрлаат одговорноста за трагедијата во Тетово со коалицискиот партнер ДУИ, воопшто не ја интересира јавноста. Граѓаните бараат оставки и одговорност. За да има кредибилна истрага прво треба сите оние кои се вмешани во градењето на тетовската модуларна болница да си поднесат оставка, за да не влијаат на процесот на истрагата. Потоа ќе се види кој освен моралната одговорност, ќе сноси и кривична одговорност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...