Генералниот секретар Рашковски на брифингот со новинарите напомена дека 5 компании се јавиле на јавниот повик. Во извештајот што го потпишал, пишува дека пристигнала само една понуда и тоа од Сархемс. Дали уште во текот на постапката некој им сугерирал на другите компании да се откажат или Рашковски не ја кажува вистината, засега останува непознаница.

Објавил: Валерија Петрова | 7 ноември, 2019 19:56

(ДОКУМНЕТИ) Ова е извештајот кој открива што и зошто крие владата за бизнисот со хеликоптерите

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Со 10.000 евра инвестиција над 70.000.000 евра ќе заработи фирмата Сархемс ДООЕЛ што го доби јавното-приватно партнерство за хеликоптерите владата на Северна Македонија, формирана 24 дена пред да биде објавен јавниот повик за ова финансиски неисплатливо и законски спорно ЈПП. Оваа постапка ја следат многу законски прекршувања што го констатирале и членови на Комисијата за јавни набавки во својот извештај, кој генералниот секретар и владата не го покажуваат на увид на јавноста.

Да одиме по ред.

Во извештајот и меморандумот потпишан лично од генералниот секретар Драги Рашковски, кој не им беше презентиран на јавноста и новинарите, нема маркирано дека овој извештај е класифициран или не, но не е јасно зошто го кријат.

Исто така, нема податок дали е во согласност со ЕУ регулативата или не. Ова се пропустите само на првата страна од извештајот кој Вечер.мк ексклузивно го објавува.

Генералниот секретар Рашковски на брифингот со новинарите напомена дека 5 компании се јавиле на јавниот повик. Во извештајот што го потпишал, пишува дека пристигнала само една понуда и тоа од Сархемс. Дали уште во текот на постапката некој им сугерирал на другите компании да се откажат или Рашковски не ја кажува вистината, засега останува непознаница.

Пропустите потоа се редат и натаму во речиси сите 40 страни потпишани од генералниот секретар Драги Рашковски. Но, извештајот е освоен од владата на 29 октомври годинава, и донесена е одлука да се избере Сархемс, кога овој извештај го добива и архивскиот број.

Од поинтересните детали издвојуваме дека фирмата Сархемс, формирана само 24 дена пред јавниот повик, успева да достави документ дека во последните 5 години има завршено слична работа како ова ЈПП и дека има авио сертификат ТЦДС, благодарение на конзорциумскиот настап.

Со внимателно читање на извештајот, се забележува дека потврдата дека Сархемс има завршено ваква слична работа во последните 5 години, ја доставил по завршување на рокот од 10.10, т.е. ја доставил на 16.10.2019 и повторно некој морал да констатира дека тоа е законски.

Има уште ситни детали, како што недостига финансиската конструкција во ово извештај, но најинтересното сепак е кон крајот.

На страна 36 во извештајот, некој констатирал е дека понудувачот Сархемс навреме ги доставил сите документи кои ги барала комисијата од него.

Но, половина пасос подолу, во издвоено мислење, двајца членови не се согласуваат со овој извештај, и даваат одвоени мислења, по што недостигаат и потписи на членови на комисијата.

Еден од членовите на комисијата наведува дека Сархемс не ги доставиле сите потребни документи во предвидените рокови, односно и потврдата дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење дејност и управување – е доставен по предвидениот датум од 10.10.2019 година.

Едното од издвоените мислења е класифицирано и не е ставено во овој извештај, додека второто е делумно ставено.

На страна 37 изводени се и мислењата од институции, кои не се ставени во прилог на овој извештај.

Тука Комисијата за јавни набавки констатира дека за да се утврди дека е законски моделот за плаќање кој го предлага Сархемс, мислење мора да дадат: Министерство за транспорт, М-НАВ, АЦВ, Јавно претпријатие за државни патишта. Но, мислењата се класифицирани и не се ставени во овој документ усвоен од владата.

Да заклучиме: во извештајот потпишан од генералниот секретар Рашковски и освоен од владата, се забележуваат многу законски пропусти и прекршувања во целата постапка со која Сархемс и владата станаа партнери во бизнисот со хеликоптери кој со вложени 10.000 евра ќе днесе ќар од над 70.000.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Арслани, кој доаѓа од редовите на ДУИ, е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга. Тој доаѓа на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот со земање мито.

Арменд Арслани од ДУИ e нов заменик-министер за здравство

Собранието на денешната 120-та седница со 62 гласа „за“ и 17 „против“ го именува Арменд...

На самитот Ѓоргиевска, како што соопшти Кабинетот на претседателот, говореше на тема „Сексуално и репродуктивно здравје и права: основен елемент на универзалното здравствено покритие“.

Првата дама се обрати на Најроби Самитот: „Верувам во еднаквост на сите луѓе и на сите жени“

Сопругата на претседателот на Република Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, во Најроби,...

Работниците во „Стоби“ со години биле изложени на силна екплоатација, приморани да работат за време на празници и викенди без да бидат пријавени и без да добијат соодветни дневници! Дополнително, газдата на конфекцијата ги пријавувал на скратено работно време без нивно знаење, со што голем дел од работниот стаж никаде не е пријавен

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го штитат газдата

Незаконски избркани 250 работници од велешката конфексија „Стоби“ – властите го...