Меки и вкусни кифли, се топат во уста.

Објавил: admin@magazin | 30 јули, 2023 18:35

Домашни кифли од кои ќе ви застане здивот

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Меки и многу вкусни домашни кифли, кои се топат во уста. 

Овој рецепт е едноставен и лесен. Меки кифли кои ќе побарате да ги направите пак за вашите најмили.

Кога се готови и печени мирисаат многу убаво во вашата кујна.

Можете да ги филувате по ваша желба. Со мармалад, сирење или спанаќ.

Состојки:

1 кг брашно

500 мл млеко

1 коцка квасец

1 шоља (250 мл) зејтин

2 лажици сол

2 лажички шеќер

сусам за посипување

жолчка за премачкување

маргарин по потреба

Подготовка :

Квасецот ставете го во млекото кое е претходно стоплено (не врело ) заедно со шеќерот, солта и една лажица брашно да стаса. Ставете го брашното во подлабок сад и направете дупка во средината.

Сипете го зејтинот во брашното и додадете го стасаниот квасец. Замесете меко тесто кое не се лепи на рацете. Убаво измесеното тесто оставете го на топло да стасува 1 час. Премесете го и оставете уште 15-20 мин .

Од тестото извадете околу 35-40 топчиња. Секое топче исукајте го во должина, со нож на едниот крај направете неколку рецки и завиткајте во кифличка. Или можете да правите форми како што ви одговараат.
Премачкајте ги кифличките со жолчка посипете со сусам, на секоја кифличка ставете одозгора по едно парченце маргарин и ставете да се печат на 200 степени околу 15 мин.(зависно од релната)додека да поруменат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.