СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите.

Објавил: Стојче Бушин | 21 октомври, 2020 10:21

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата предводена од СДСМ во текот на пандемијата со коронавирусот континуирано им помага на сите, на коишто им е потребна помош на граѓаните и на компаниите за ублажување на негативните последици.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.

Измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари.

Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка.

Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и спроведување на мерки и политики за помош и поддршка на погодените со пандемијата, продолжува со вистинска грижа за сите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

 Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1994–1998 бил во коалиција со владејачкиот СДСМ, а за парламентарните избори во 1998 типувал победа на премиерот Бранко Црвенковски со 102%.

КОЛКУ БЕШЕ БОГАТ АМДИ БАЈРАМ – Од градоначалник до ,,Кока Кола” кандидат за претседател на РМ

Амди Бајрам, почина на 64-годишна возраст, по компликации со срцето. Тој беше познат...

Он лајн состанокот се водеше од дирекцијата на АД ЕСМ, со претставници на ЕСМ, Владата и на консултантот AF-Consult.

ПОВЕЌЕ ОД 40 ФИРМИ ОД СВЕТОТ И КАЈ НАС ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТО ЗА ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРАНА ВО ОСЛОМЕЈ

АД ЕСМ ги продолжува проектите и во услови на ковид пандемија. Во врска со проектот...

Извори на Либертас велат дека дека министер за финансии ќе биде Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, додека Екологијата ќе ја води сегашниот министер, Насер Нуредини!

КОХА: Груби вицепремиер, Османи министер за надворешни, Бесими во Финансии, Бектеши во Економија

Артан Груби ќе биде првиот вицепремиер и министер за политички систем, додека Бујар...

На првиот ден од јавната седница за жалбите не се слушнаа жалби, па засега не се знае по кој основ одбраната ќе бара укинување или намалување на драконските пресуди.

„27 април“ стигна пред Апелација: Одбраната вели тројца од судиите не смеат да одлучуваат по жалбите!

Тројца од апелационите судии кои се дел од судечкиот совет не смеат да одлучуваат по...