Ѓоковиќ имаше водство од 5-2, но италијанскиот тенисер блесна и успеа да се врати, па потоа во тајбрејк и да поведе со 0-1 во сетови!

Објавил: Владо Марин | 11 јули, 2021 18:44

ДОМИНАЦИЈА НА ВИМБЛДОН: Кралот Новак Ѓоковиќ ја освои 6- та титула во Лондон

Фото/Текст извор: ©екипа/магазин.мк

Новак Ѓоковиќ уште еднаш потврди дека е најдобар тенисер на денешницата, откако српкиот тенисер го совлада Матео Беретини со 3-1 во сетови, за своја шеста титула на Вимболдон и вкупно 20. гранслем трофеј во кариерата.

Ѓоковиќ триумфираше во Лондон десет години по својот премиерен успех на британскиот гранслем турнир, а уште поимпресивно делува фактот дека тој го освои пехарот на третиот гранслем во 2021 година, по Австралија Опен и Ролан Гарос, па ќе има шанси следниот месец во Њујорк да испише историја како прв што во иста година триумфирал на сите четири најголеми турнири во светот на тенисот.

Мечот почна одлично за Новак, кој најпрвин се спаси од брејк на Беретини, а потоа и самиот успеа да го освои сервисот на противникот.

Ѓоковиќ имаше водство од 5-2, но италијанскиот тенисер блесна и успеа да се врати, па потоа во тајбрејк и да поведе со 0-1 во сетови!

Србинот сепак се разбуди во вистински момент, го отвори вториот сет со два брејка и водство од 3-0, по што триумфираше со 6-4 и го израмни резултатот. Во третиот, еден брејк беше доволен за Ѓоковиќ да слави со идентични 6-4 и да си го трасира патот до трофејот. Во четвртиот се играше израмнета, а Беретини не успеа да искористи предност од 0-30 при резултат 3-3 на сервис на Ѓоковиќ. Новак се одбрани, веќе во следниот гејм стигна до брејк и на крајот го доби и овој сет со 6-3, за своја шеста титула на Вимблдон, по 2011, 2014, 2015, 2018 и 2019 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Рафаел Надал, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ имаат по 20 грен-слем титули, па на шпанскиот тенисер очигледно дека не му е сеедно дали Србинот ќе настапи на Австралија опен.

Надал: Австралија опен е голем и без Ѓоковиќ

Рафаел Надал повторно предизвика реакции со една своја изјава за Новак Ѓоковиќ чиј...

Во меѓувреме се огласи и првиот човек на Австралија опен, Крег Тајли, кој не сака да обвинува никого, вели дека постојано биле во контакт со властите на оваа држава.

СЕ ОГЛАСИ ДИРЕКТОРОТ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН: БИ САКАЛ НОЛЕ ДА ИГРА

Уште малку останува до целосната разврска околу Новак Ѓоковиќ и неговиот настап на...