
Македонија
Вести
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако сакал да биде популарен во Европа не би ја работел работота што ја има сега. Трамп ја нагласува огромната улога што САД ја обезбедуваат за европските нации и поради тоа тие треба да ги почитуваат САД.
Во својот прв состанок на кабинетот во 2019 година, американскиот претседател Доналд Трамп се осврна на неговата слаба популарност во Европа. Претседателот во средата им изјави на новинарите дека не му е познат неговиот рејтинг кај Европејците, притоа истакнувајќи дека неговата работа е да побара од Европа поправедливо да ги третира САД.

“Затоа јас сум избран”, рече Трамп, повторувајќи дека европските земји мора да бидат принудени да го зголемат својот дел од трошоците за одбрана, што тој тоа го и прави постојано кога станува збор за финансирање на НАТО и за одбраната и безбедноста во Европа.
“Јас не би требало да бидам популарен во Европа. Ако бев популарен во Европа, тоа значи дека не ја вршам мојата работа”, додаде тој.
Трамп изјави дека Европа неправедно ги третира САД по прашањата за трговијата и одбраната и ги обвини претходните американските претседатели за тоа дека САД плаќале за безбедноста на другите нации. “Германија плаќа 1 отсто, тие треба да плаќаат 4 отсто”, рече Трамп, осврнувајќи се на германските одбранбени трошоци.
Студија на Центарот за истражување Пју објавена во октомври 2018 година открива дека довербата во Трамп била неверојатно ниска во европските земји. Само 10 отсто од Германците, 9 отсто од Французите, 7 отсто од Шпанците и 28 отсто од Британците гледаат на Трамп позитивно во врска со справување со светските проблеми.
Трамп е под силни критики во САД за растурање на односите со европските земји кои со децении се сметаат за традиционални сојузници на САД.
Најзначајната критика дојде кога поранешниот секретар за одбрана, Џим Матис, во писмото со кое ја најави неговата оставка истакна дека имале несогласувања со претседателот по прашањето за “третирањето на сојузниците со почит”.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.