За Туск гласаа 491 пратеник, а против 37, на Конгресот на алијансата на европските демохристијански партии.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 ноември, 2019 9:40

Доналд Туск избран за нов претседател на ЕПП

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот во заминување на Европскиот совет Доналд Туск е новиот претседател на Европската народна партија (ЕПП). Така одлучија синоќа во Загреб претставниците на тие партии на кои Туск им вети дека ќе се бори против популистите.

За Туск гласаа 491 пратеник, а против 37, на Конгресот на алијансата на европските демохристијански партии.

Доналд Туск, е новиот претседател на Европската народна партија (ЕПП). Ова беше изгласано денеска во Загреб ,по што Туск вети дека ќе се бори против популистите.

Првиот лидер на Централна и Источна Европа на ЕПП ќе го замени Французинот Жозеф Дол, кој ја предводи партијата од крајот на 2013 година.

Туск (62) беше единствениот кандидат за нов лидер на европската партија на десен центар и најсилната група во Европскиот парламент.

„Подобро е да се биде претседател на ЕПП отколку поранешен претседател на Европскиот совет“, се пошегува Туск, откако беа објавени резултатите.

„Од една страна, има партии на неодговорен популизам, а од друга, е нашата партија која е одговорна за популарноста“,рече тој пред делегатите од околу четириесет земји.

Туск истакна деќа веќе е уморен од тоа да биде главен европски бирократ.

“По пет години, јас сум уморен од тоа да бидам главен европски бирократ. Подготвен сум за борба, се надевам дека и вие сте подготвени”, додаде Туск.

Со 182 од 751 освоени места, ЕПП е најголемата група во Европскиот парламент и заедно со социјалистите, либералите и зелените, формираат мнозинска проевропска алијанса.

Туск рече дека стравот одигра голема улога во политиката и дека во пресрет на мигрантската криза и терористичките напади, луѓето во последниве години бараат чувство на безбедност.

„Затоа нивните срца толку лесно ги освојуваат оние што викаат ,,станете” , повторно  направете ја вашата земја голема, повторно вратете ја контролата’ “, рече Туск, алудирајќи на „мантрите“ на популистичките лидери во Европа и изборниот слоган на американскиот претседател Доналд Трамп.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...