Веќе нагласив дека се работи за семејни и здравствени причини. Повеќе не можам да кажам – истакна Дончев.

Објавил: Стојче Бушин | 5 мај, 2020 17:03

ДОНЧЕВ: Си поднесов оставка, чекам да заврши владината седница!

Фото/Текст извор: ©Фокус

Се уште актуелниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев во изјава за „Фокус“ потврди дека си поднел оставка од директорското место во Фондот за здравство, каде што беше три години, поточно од 2017 година.

„Точна е информацијата дека си поднесов оставка. Чекам да заврши владината седница за да се одлучи.
Веќе нагласив дека се работи за семејни и здравствени причини. Повеќе не можам да кажам – истакна Дончев.
Ден Дончев поднесе оставка од директорската позиција во Фондот за здравство.

Тој пред три години во интервју за „Фокус“ тврдеше дека фирмата на кумот на Никола Груевски увезувала фалсификувани лекови од Турција.

„Турската полиција уште пред две години предупредила за подземни капацитети во Турција што произведуваат лекови за македонскиот пазар. Овие лекови, произведени од сомнителен извор, а спакувани во амбалажи од оригинаторите, доаѓаат во Македонија преку т.н. паралелен увоз. Уште пострашно, доаѓаат без каков било сертификат за квалитет затоа што законската одредба е укината во 2013 година.
Овие шокантни наводи за паралелниот увоз на лекови ги изнесува директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, во ексклузивното интервју за „Фокус“.

Тој делумно откри и кој најмногу ќарил од воведувањето на паралелниот увоз: „Три фирми што контролираат над 50 отсто од пазарот на паралелен увоз и се директно во кумска и роднинска релација со претходниот премиер Никола Груевски“.

Дончев позади себе има долга политичка кариера. Тој беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кога со партијата раководеше Груевски, а во мандатот на Љубчо Георгиевски беше директор на Македонски телеком.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

посета на Лабуништа, претседателите Села и Гаши сс упатија на плоштадот Струга, од родниот град на претседателот Села, од каде се обрати до лидерите на двете  најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, одговарајќи на Заев и Мицковски за нивната идеја за размена на пратеници

Села до Заев и Мицковски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска влада

На вчерашниот митинг пред жителите на Струга, коалицијата „Сега е време“  одржа...

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...