
Македонија
Вести
Освен Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН, новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, на консултации ги повикал и македонските амбасадори во Албанија и Италија, Данчо Марковски и Весел Мемеди.
Образложението за Фрчкоски се сомневањата за финансиски малверации и непочитување на препораките н МНР.
По амбасадорот од Рим, и Фрчкоски повикан на консултации во МНР
Амбасадорот од Албанија беше повикан поради скандалозните резултати со пописот и бугарската експанзија меѓу Македонците во Пустец и Голо Брдо.
Весел Мемеди, амбасадорот во Италија, беше повикан од Рим во Скопје на консултации за неговиот самостоен и некоординиран повик за употреба на пасоши со ново име, кога бараше италијанска забрана за употреба на старите пасоши.
Консултациите со Фрчкоски се закажани на 12 јули, а дали досега имало консултации со Марковски и Мемеди и што се договориле, нема информации.
Консултациите се дел од овластувањата на секој шеф на дипломатија и тие може да траат најмногу 60 дена. Во тој рок треба да се заврши постапката на сослушување и утврдување на околностите поради кои бил повикан амбасадорот. После тој рок, амбасадорот може да биде отповикан или да ја продолжи својата дипломатската мисија.
Дипломатскиот синдикат веќе подолго време укажува на бројни неправилности и кршења на Законот за надворешни работи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.