Се очекува до 19 часот кога ќе заврши пријавувањето во Македонската архиепископија, бројот да достигне околу 130.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јануари, 2020 12:22

Досега 111 пријавени за учество во положување на крстот во Скопје- нема жени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Нова Македонија

Денска за МИА Скопската епархија информираше дека до сега се пријавени 111 лица за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление- Водици.

На овој ден се верува дека сите води се свети и поради тоа светите крстови освен во Скопје,  ќе бидат положени и во водите низ останатите скопски општини и градови во државава.

–Пријавените треба да бидат на возраст над 18 години. Досега меѓу пријавените нема жени. Кандидатите прво прават бесплатен лекарски преглед во Спортска медицина, кој е задолжителен, по што се пријавуваат во Македонската архиепископија, информираат од Скопската епархија.

Се очекува до 19 часот кога ќе заврши пријавувањето во Македонската архиепископија, бројот да достигне околу 130.

Пријавувањето за ова традиционачно фрлање на крстот и светење на водите на реката Вардар почна на 2 јануари, а завршува денес. 

Водици се празнува два дена. Првиот ден 19 јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20 јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.

Настанот ќе започне во 9 часот со архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а потоа во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација на мостот  кај хотелот „Холидеј Ин.

Претходно, архиепископот г.г. Стефан во 9 часот ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а во 11:45 часот богојавленски литии ќе се упатат кон местото каде ќе се одржи традиционалната верска манифестација.

Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот календар). Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

Пендаровски: На албанците името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи!

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата Само вистина...

Златев за пример го посочи Доналд Трамп кој ги обвинува медиумите кои се критички настроени кон него и неговата политика. Се расправа со „CNN“, се расправа со „New York Times“, ги обвинува за ширење на „Fake News“.

Златев: Реагираат на мене бидејќи им ги откривам скандалите!

Новинарот иглавен и одговорен уредник на порталот ЕкономскиЛидер, ЉупчоЗлатев, во...

Не обвинија само поради тоа што си ја сакаме Македонија. Секој ден сме бомбардирани со лажни вести и афери.

Мизрахи: Ќе ставиме крај на ЗАЕВИЗМОТ- не обвинија бидејќи си ја сакаме МАКЕДОНИЈА

Разрешената министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи на социјалните...