Доцна синоќа дошло до физичка пресметка на Зоран Кичеец, Јетон Жила заедно со околу десетина други лица од една страна и Сашо Мијалков заедно со своето обезбедување од друга страна.
Според информации до кои дојде порталот revolutioner.press, Сашо Мијалков на безбедносните камери ја видел групата која влегува во хотелот “Мериот” при што слегол долу и му кажал на Кичеец дека не е пожелен гостин, Кичеец му префрлил неколку зборови на Мијалков.
Поранешниот директор на ДБК, Мијалков со тупаница го удрил Кичеец и му го раскрварил носот по што групата на Кичеец почнала физички да се пресметува со обезбедувањето на Мијалков.
Зоран Милески Кичеец, во јавноста беше познат како човек близок до Сашо Мијалков, а прекарот го добива по родното Кичево!
Пред да падне Владата на Љупчо Георгиевски, станува обезбедување во СДСМ, го напушта Охрид и заминува во Скопје како дел од партиското обезбедување, пишува А1он.
По падот на власта на СДСМ во 2006 година Кичеец се зближува со Дејан Митрески – Урко, тогашно обезбедување на поранешниот премиер Никола Груевски, а оттаму се воспоставува и контактот со Мијалков и со Камчев.
Во 2013 година, врската меѓу Камчев и Кичеец почнува да се распаѓа, а за тоа сведочи и инцидентот во кафулето „Интермецо“ кога Орце е претепан од Кичеец.
Двете лица, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.