Сите летови се откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром.
Во тек е итна евакуација на вработени и патници.
Во денешната серија бомби мета се и 15 училишта од кои 10 во Скопје и пет во Битола, потврди МВР.
Засега од МВР нема информација кои школи добиле закани, меѓутоа градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека осум училишта во оваа општина примиле дојави.
„Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаеви. До сега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар. Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се превземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации. Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња“, напиша Стефковски.
Според неговата објава заканите се до училиштата: „Григор Прличев“, „Наум Наумовски Борче“, „Крсте Мисирков“, „Кирил и Методиј“, „Крум Тошев“, „25 Мај“, „Дане Крапчев“ и „Наум Охридски“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.