Премиерот Заев се задржа и на можностите за деблокирање на процесот на нашето пристапување во ЕУ и истакна дека нашата цел - членството во Европската Унија нема алтернатива.

Објавил: Сара Фемина | 22 мај, 2021 15:55

Дојдовме за да кажеме јасно – Европската Унија мора да испорача

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Републикa Македонија, Зоран Заев денеска ги прими министрите за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, на Словенија, Анже Логар и на Чешка, Јакуб Кулханек, кои се во еднодневна работна посета на нашата земја.

На разговорот за време на средбата во преден план беа актуелните теми поврзани со евроинтеграциските процеси на Северна Македонија и притоа премиерот Заев ја истакна благодарноста на нашите граѓани за поддршката и помошта што овие земји ни ја даваат во евроинтеграцискиот процес и на проширувањето на ЕУ и се осврна на значењето на европскиот Економски и инвестициски план за Западен Балкан како значаен за постковид економија и за закрепнувањето на земјите од последиците од пандемијата.

„Како земја кандидат за членство чекаме веќе 16 години и како влада со секоја наша постапка, со секој гест, со секоја политика што ја реализираме, покажуваме почитување на сите европски вредности. Преземаме чекори за големи реформи во економијата и образованието како меѓусебно врзани процеси, но работиме на интензивни реформи во секоја сфера на општеството“, истакна Заев.
 
Премиерот Заев се задржа и на можностите за деблокирање на процесот на нашето пристапување во ЕУ и  истакна дека нашата цел – членството во Европската Унија нема алтернатива.
 
„Ние сме силно посветени на наоѓање на решение за проблемот што го отвори Бугарија, притоа потенцираме уште еднаш дека ние за идентитетските прашања нема да разговараме, затоа што станува збор за темелна европска вредност и сме благодарни за разбирањето на кое што наидовме во Брисел и во останатите земји членки на ЕУ во однос на ова прашање“, додаде Заев.

Премиерот Заев ја искажа и својата почит кон португалското претседателство со ЕУ и за нивните напори да се реши овој проблем со предлогот решенија со кои министерот за надворешни работи Силва вчера ги презентираше во Скопје и Софија, кои ние како Влада го оценуваме како добра основа за решавање на прашањата што Бугарија ги отвори во однос на Македонија.
 
На средбата тројцата министри децидно застанаа зад предлогот на португалското претседателство оценувајќи го како клучен чекор со кој ќе се засили темпото во евроинтеграциските процеси. Министрите се согласија дека Македонија успешно ги заврши сите предвидени реформи кои треба да гарантираат одржување на првата меѓувладина конференција и сега на ред е Европската Унија да го испорача ветеното.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....