
Свет
Иновации
Верувале или не, доктор од Пекинг успеа да ја направи првата операција во светот на мозок преку мобилната мрежа 5G.

Технологијата и светот отидоа толку далеку што докторот д-р Линг Жипеи, кој всушност и ја извршил операцијата, на пациент со Паркинсонова болест му бил вграден имплант во мозокот на оддалечен 3.000 километри од пациентот, и по операцијата изјавил дека новата технологија ќе им олесни на медицинските лица да оперираат луѓе кои се во области каде што не може да се пристапи или самите пациенти не можат да патуваат. Оваа операција не била ни малку лесна, траела околу три часа, а била извршена во саботата. Операцијата била овозможена од мрежата на China Mobile и технологијата на Huawei за 5G. По процедурата пациентот на кој му бил вграден имплантот изјавил дека се чувствува добро.
Новиот уред овозможува поврзувања во реално време, вели д-р Линг. -Можете речиси да почувствувате пациент кој е 3.000 км далеку. Сегашната 4G мрежа не дозволува хируршки операции, но се чини дека новата технологија успеа да ги реши тие проблеми, вели хирургот.
Како што сопштуваат кинеските медуми, Д-р Линг Жипеи кој е вработен како хирург во општата болница People’s Liberation Army во Пекинг операцијата ја извршил на оддалеченост од илјадници километри а со помош на роботи хирурзи Жупеи успеал да вгради имплант за стимулација на мозокот. Тој всушност користел уред за контролирање на тресењето на рацете и телото кај пациенти со Паркинсонова болест, кој преку регулирање на нервните сигнали може да му помогне на пациентот да ги контролира движењата и да има нормална функција на мускулите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.