Стабилизација на секторот и среднорочно и долгорочно закрепнување, како што оценуваат од ТАВ Македонија, операторот со македонските аеродроми, ќе има кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19 ќе се изедначат за сите државјани на сите држави.

Објавил: Перо Милчин | 24 октомври, 2021 12:43

До крајот на годинава четири нови дестинации од Скопје, авиособраќајот полека закрепнува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во првите девет месеци од годинава на македонските аеродроми се превезени за 57 проценти повеќе патници во однос на истиот период од 2020, односно за 52 проценти помалку  споредено со првите три квартали  од 2019 година. Првите знаци на закрепнување на авиосообраќајот по значителниот пад поради ковид пандемијата се забележани по омасовувањето на вакцинацијата против Ковид-19, во втората половина од јуни и јули, сè до средината на август.

Стабилизација на секторот и среднорочно и долгорочно закрепнување, како што оценуваат од ТАВ Македонија, операторот со македонските аеродроми, ќе има кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19 ќе се изедначат за сите државјани на сите држави.

Од најавите на авиокомпаниите досега, знаеме дека ќе имаме четири нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје до крајот на 2021 година, вели за МИА, Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, во пресрет на воведувањето на зимскиот ред на летање.

Зимскиот распоред на летови ќе почне на крајот од овој месец, во моментов, како што наведува Батак, е во подготовки и наскоро ќе бидеме во можност да кажеме до точно колку дестинации ќе се лета од скопскиот аеродром од крајот на октомври годинава до крајот на март следната 2022 година.

Летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, на пазарот влегува и „Изиџет”  

– Три нови дестинации ќе воведе Виз ер во декември, од Скопје до Болоња, Торино и Билунд. Една нова дестинација, од Женева до Скопје, ќе биде отворена од Изиџет, британската нискобуџетна авиокомпанија, која со отворањето на оваа рута на почетокот на ноември 2021 година практично првпат ќе влезе на македонскиот пазар. Заедно со наведените наведените нови дестинации на Виз ер од Скопје, во декември 2021, унгарската нискобуџетна авиокомпанија ќе отвори и нова авиолинија од охридскиот аеродром до германскиот град Фридрихсхафен, информира Батак.

Најголемиот дел од откажаните авиолинии со почетокот на пандемијата во 2020 година беа вратени на распоредот на летање по повторното отворање на двата аеродроми во јули 2020 година, и потоа во 2021 година. Сепак некои од дестинациите, како Доха со Катар ервејс и Дубаи со Флај Дубаи, што беа опслужувани од Скопје пред пандемијата, сè уште не се вратени.

-И покрај тоа што сме среде пандемија, оваа година отворивме две нови авиолинии, односно две нови дестинации од Меѓународниот aеродром Скопје кон Русија – Москва и Санкт Петербург. Ова е прв пат пат после 20 години, Скопје и Македонија да бидат директно поврзани со Русија по воздушен пат. Овие авиолинии имаат голем потенцијал и ние се надеваме дека авиосообраќајот на овие рути ќе се развива и натаму, изјави Батак.

Доколку имаат потреба да патуваат со авион, како што вели, луѓето не се двоумат. Тие ги преземаат неопходните здравствени и безбедносни мерки и патуваат и од туристички и од економски причини.

-Единствената пречка за патувањата со авион се различните рестрикции наметнати од различни земји поради Ковид-19, коишто се менуваат често и го усложнуваат целиот процес на авионско патување, за патниците, но исто така и за играчите во авијацијата – аеродромите и авиокомпаниите. Кога различните рестрикции поради Ковид-19 ќе се укинат од страна на различни земји, или кога условите за влез во различни земји кои се поврзани со Ковид-19 ќе се изедначат за сите државјани на сите држави, тогаш ќе ја видиме стабилизацијата во авијацискиот сектор и тогаш можеме да очекуваме среднорочно и долгорочно закрепнување на авиосообраќајот, посочува Батак.

Се почитуваат протоколите на аеродромите,  апел патниците да пристигнуваат три часа пред полетување

Генералниот директор на ТАВ Македонија вели дека патниците ги следат правилата за заштита од Ковид-19 воведени од ТАВ Македонија, на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид.

Од почетокот на пандемијата имаше две промени на заштитните мерки. Првата промена почнавме да ја применуваме од јули 2020, кога повторно ги отворивме двата аеродрома после 3,5 месеци, период во кој беа затворени. Тогаш воведовме нов протокол за управување со аеродромите во услови на пандемија, за кој навремено ги информиравме јавноста и патниците, објаснувајќи им ги здравствените и санитарните мерки за движење низ аеродромските згради. Дополнително, постојано ги потсетувавме патниците на овие мерки, преку сите наши комуникациски канали, како и преку нови знаци и информативни табли и друг вид на визуелни известувања во терминалните згради и нивната околина. Патниците ги усвоија ваквите мерки и генерално ги следеа, вели Батак.

Од 19-ти август оваа година, потсетува, со цел да бидеме во склад со Одлуката на Влада од 17-ти август 2021, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома, согласно кои патниците можат да влегуваат само со вакцинален сертификат или сертификат кој покажува дека прележале Ковид-19, или пак медицински доказ дека се негативни на Ковид-19 (ПЦР-тест или брз антигенски тест). Повторно, ја информиравме јавноста за оваа промена и поставивме нови знаци пред и во терминалите. Така што, патниците ги следат овие правила, тие се навикнаа на нив, особено затоа што истите важат речиси за сите затворени објекти во земјава, согласно Одлуката на Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Влажни коловози, внимавајте во клисурите каде се можни одрони

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни...