5.000 дози вакцина „Фајзер-Бајонтек“ одат кај здравствените работници низ цела Србија, а 5.000 дози во геронтолошките центри и институциите за социјална заштита.

Објавил: Стојче Бушин | 5 јануари, 2021 8:25

До крајот на неделата во Србија ќе се вакцинираат 11.000 лица со вакцината против корона!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денес започнува имунизацијата на здравствените работници, проследена во првиот круг од 1.200 дози на вакцините „Спутник V“, како и 5.000 „Фајзери“, чии уште 5.000 вакцини ќе ги примаат корисниците на старечки домови!

До крајот на неделава ќе бидат вакцинирани околу 11.000 здравствени работници и корисници на геронтолошки центри.

Веќе денес, 1.200 дози на руската вакцина „Спутник V“ одат во четири клинички центри, а 10.000 дози од вакцината „Фајзер-Бајонтек“ ќе бидат распределени на здравствените работници и геронтолошките центри, изјави вчера за српски Курир Државниот секретар на Министерството за здравство Мирсад, кој е и претседател на Националната тим за координација на имунизација!

5.000 дози вакцина „Фајзер-Бајонтек“ одат кај здравствените работници низ цела Србија, а 5.000 дози во геронтолошките центри и институциите за социјална заштита.

Оваа недела вакцинацијата ќе биде секој ден, освен на Божиќ, вклучувајќи го и викендот – објасни Мирсад и изјави дека во Србија вчера пристигнале 19.500 дози на „Фајзер“.

Во моментов Србија има вкупно 2.400 дози на руската вакцина „Спутник V“, а сè треба да се консумира до крајот на неделава.

– Очекуваме да не известат дали ќе добиеме уште една доза на „Спутник V“ во втората половина на јануари, за која се надеваме.

Премиерот рече дека ќе имаме милион дози во јануари и дека тоа ќе бидат кинески и руски вакцини. Производителот „Синовак“ сè уште не испратил ништо до Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија, каде што се вршат проверки и одобрувања на вакцини.

Очекуваме да биде во следните десет дена – рече тој и додаде дека во првата фаза се планира вакцинирање на околу 720 000 лица!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Крајниот рок за доставување понуди за испорака на вакви возови е 15 март.

ЧУДО ТЕХНИКА СТИГНУВА НА СРПСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ: Новите возови ќе имаат минимум 300 места, подно греење и ќе возат до 200 км на час

Министерството за транспорт и инфраструктура објави јавна набавка на електричен воз. Тоа...

Авионот „Ер Србија“ слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ околу 20 часот и 50 минути, а беше пречекан од премиерката Ана Брнабиќ и кинескиот амбасадор во Белград Цен Бо.

СРБИЈА РУШИ РЕКОРДИ: Половина милион кинески вакцини штотуку пристигнаа во Србија

Нов контингент од половина милион вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ пристигна...