Нова временска прогноза!

Објавил: Сара Фемина | 24 февруари, 2021 8:02

ДО КРАЈОТ НА ОВАА НЕДЕЛА СТАБИЛНО И СУВО – ОД НЕДЕЛА ПРОДОР НА ПОСТУДЕН ВОЗДУХ ОД СЕВЕР

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До самиот крај на оваа недела под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност.

Денес како и за време на викендот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен по интензитет. До сабота ќе биде натпросечно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.

Од недела под влијание на нешто постуден воздух од север температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Во Скопје и околината и понатаму времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала облачност. Денес, како и за време на викендот ќе биде слаб до умерен ветер од северен правец, кој за време на викендот повремено ќе биде и засилен по интензитет. Температурите и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат некаде до околу 20 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Во попладневните часови локално ќе има нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локален краткотраен слаб дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

ОД УТРЕ НАВЕЧЕР НОВ ВЛАЖЕН БРАН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА – ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе...