Македонија сè уште е во шок од ненадејната и прерана смрт на популарниот рок-пејач Влатко Илиевски, кој на 6 јули беше пронајден мртов во својот автомобил, а резултатите од истрагата се очекуваат наскоро.
Голем број од неговите колеги и пријатели открија дека пејачот и актер имал големи музички планови, но не успеа да ги реализира и лично да ги претстави пред публиката.
Благодарение на продукцијата „Фабрика“, на нивниот канал на Јутјуб денеска се појави нова песна на која Илиевски работел во изминатиот период.
Станува збор за уште еден одличен рок-сингл насловен „До крајот“, во карактеристичниот стил на Влатче…
„До крајот, сè до рајот, да дишеме во еден здив…“, пее тој, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение…
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.