Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 10 јуни, 2021 7:15

ДО НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ – СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО НА САМИОТ ПОЧЕТОК ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА, ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа до недела во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Стабилизирање на времето се очекува на самиот почеток од следната недела. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Околу пладне и попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

ЌЕ ИМАМЕ ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО ВРЕМЕ – ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ НЕСТАБИЛНО СО ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Околу...

Ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде и ЗАСИЛЕН по интензивет ( над 60 км/час).

ОД СЕВЕР КОН НАШАТА ТЕРИТОРИЈА СЕ СПУШТА СТУДЕН ФРОНТ – ЌЕ УСЛОВИ НОВИ ВРНЕЖИ, ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И СИЛЕН ВЕТЕР

Во следните часови од север кон нашата територија ќе се спушта студен фронт кој ќе...

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Ќе има услови и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и појава на град.

ДО КРАЈОТ НА ОВАА НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ – ЌЕ ИМА И ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви...