Чадот од пожарот надвисна на струшко-охридскиот регион, а туристите кои беа на плажите го споредуваа со експлозијата на реакторот во Чернобил.

Објавил: Перо Милчин | 21 јули, 2019 21:58

До темел изгоре едриличарскиот клуб “Снегар” кој се наоѓа на популарната “Машка плажа” во Струга!

Фото/Текст извор: ©(Фото: СДК.МК) онлине / магазин

Голем пожар избувна попладнево на „Машката плажа“ во Струга.

Голем пожар избувна денес во Струга во бараките каде што е сместен едриличарскиот клуб.

Според неофицијални информации, изгорени се 33 пловни објeкти, 4 мотори и 60 години стара документација.

Во акцијата интервенирале две противпожарни екипи со 13 пожарникари, кои го локализирале целосно пожарот. Во пожарот е предизвикана е голема материјална штета и среќа е што нема повредени граѓани и едриличари.

 Од пожарот спасени се само две три едрилици и еден гумењак.

Густиот чад од опожарениот објект можеше да се забележи од околните плажи, што ги вознемири посетителите.

Во Македонија, едрењето го развиваат моделарите собрани во организацијата на Народната техника на СРМ во 1948 година. Тие години од Сплит биле донесени во Струга и Охрид едрилици од типот „Пионер“. Следните години биле донесени едрилици и од класите „Јола“ „Ѕвезда“, и „Шлука“.

КРАТКА ИСТОРИЈА ЗА КЛУБОТ “СНЕГАР”

Едриличарскиот клуб „Снегар“е издвоен од Друштвото за водени спортови и рекреација 1972 година, и од тогаш постигна врвни спортски резултати давајќи репрезентативци на регатите во Европска конкуренција.

Едриличарски Клуб Снегар – Струга Лоциран е во центарот на град Струга на „Градска плажа“ помеѓу Фудбалскиот клуб и хотел „Дрим“ Струга. – Располага со хангар од околу 250 м2 во чиј склоп се наоѓа општествена просторија со 30 м2 и магацин од 12 м2.

Транзицијата во периодот до 2007 година го успори развојот на едриличарскиот спорт, но од 2008 година се започнати интензивни активности со учество на Светско Првенство во класата „Оптимист“ во Чешме, Турција, Балкан-ските првенства во класата „Опти¬мист„ во Варна – Бугарија, Балканското првенство во класа „Ласер“ во Мангалија, Велигденската Регата – Порторож – Словенија, International Optimist Sailing Week – Турција, Купот на Ѓердап – Д. Милановац, Меѓународната Дубровничка Регата, Св. Никола – Пула, и Новогодишните регати во Хвар – Хрватска.

Истовремено, во соорганизација на Едриличарската федерација клубот организираше и беше учесник на 7 (седум) државни – меѓународни регати. Клубот располага со едрилици од класите „Оптимист“ „Ласер’ „Фин“ „420“ и „470“. Покрај тоа моделарскиот тим разви и сопствена класа на викенд крсташи со должина од 7,5 метри, од кои се изградени веќе 5 јахти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Вчера (4 август) околу 15 часот, на свадбена свеченост што ја организирал гостиварец А.С.(45) на улица „137“ во Гостивар, бил нарушен јавениот ред и мир со пукање од огнено оружје. По извршениот увид, а А.С. повикан е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.

ПУКАЊЕТО ПО СВАДБИ ЧЕСТА ПОЈАВА ВО МАКЕДОНИЈА – законот вели 10 години затворска казна

Често во Македонија свадбените веселби кулминираат во крвави прослави, пред неколку...

Јавното обвинителство отвори истрага за ќерката (46 годишната А.И.) која ја задави мајка си (74-годишната В.И.) во скопската населба Карпош. Основниот кривичен суд ѝ одредиЛ 30-дневен притвор на А.И.

ЈА ДАВЕЛА СО ГОЛИ РАЦЕ СОПСТВЕНАТА МАЈКА ЗА ПАРИ- детали за убиството во Скопје

Убиството кое се случи во саботата го потресе Скопје, ќерката давејќи и го одзеде животот...