Денес го славиме Меѓународниот ден на жената познат како Осми март, празник посветен на жените. Создаден е како ден на сеќавање на борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на жените и мажите.
Денот на жената е основан на Втората меѓународна конференција на жени социјалисти во Копенхаген на 8 март 1910 година, на иницијатива на Клара Цеткин, лидер на германските социјалисти и движењето на жените на работниците.
На заложбите на Александра Колеонте, Ленин 8-ми март го прогласил за државен празик во 1917 година.
Од 1965 година Денот на жените е неработен во Русија.
Во 30-тите години западните земји речиси престанале да го одбележуваат 8 ми март, дел од нив поради поврзувањата со комунизмот, а во 60-тите прославата на Денот на жените е обновена .
Обединетите нации официјално 8-ми март го прогласиле за Меѓународен ден на жените во 1975 година .
Воведени се права на породилно боледување, ограничување на работата на жените во ноќни смени, платежна рамноправност, право на глас…
Нов Зеланд прв во историјата на жените им даде право на глас во1893 година , Југославија тоа го направи 57 години подоцна.Првата прослава на празникот беше на 8 март 1911 година во Австрија, Германија, Швајцарија и Данска.
Денот на жената не е повеќе празник за социјална правда и еднакви можности за мажите и жените, но во голема мерка е банализиран и се претвори во типичен празник на масовна култура и потрошувачка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.