Македонија
Вести
Имаме доволно места во моментот. Како и во другите болници во Швајцарија од германското говорно подрачје, моментално на апаратите за вештачко дишење опслужуваме едноцифрен број на пациенти, плус пациенти со корона вирусот во едноцифрен или низок двоцифрен опсег, кои не се во оделот за интензивна нега. Продолжуваме да градиме капацитети, а не итните третмани се одложуваат.
Која е веројатноста дека ќе го преживеете вирусот ако ви треба вештачко дишење?

Имаме поединечни случаи на млади пациенти на возраст од 30 до 35 години со тешки случаи. Приближно 30-годишен пациент немал претходни заболувања, друг пак имал блага астма, сега и двајцата се ставени на вештачко дишење во оделот за интензивна нега. Нивната состојба е стабилна, но не и добра. Ова е исто така многу важна порака: вирусот корона повремено може да ги погоди и младите, здрави луѓе ако имаат пех
Дали има доволно машини за вештачко дишење ако случаите продолжат да се зголемуваат?
Во просек, еден пациент со коронавирус мора да биде ставен на машина за вештачко дишење цели 14 дена. Ова е многу долго, затоа е потребно многу опрема и многу вработени. До крајот на неделава имаме подготвени 20 станици за вештачко дишење, за една недела или две ќе имаме 60. Приватните клиники исто така треба да ги обезбедат своите уреди и специјалисти – како и анестезиолози – кои исто така помагаат тука. Уверен сум дека ќе ја совладаме кризата во Швајцарија вели во едно интервју за 20 минути докторот Филип Тар од Болницата Брудерхолц кај Базел Швајцарија.
Како точно луѓето умираат од вирусот корона?
Поради силните лекови, пациентите се практично во вештачка кома, но немаат болка. Може да се случи, и покрај вештачкото дишење, да не влезе доволно кислород во крвта и телото да стане премногу кисело и тогаш може да откаже срцето или пак бубрезите кои се витални органи за човекот.
Многу луѓе се прашуваат колку долго може да трае вонредната состојба. Според германскиот институт Роберт Кох во најлош случај, пандемијата може да трае и две години?
Ако разговарате со десет специјалисти, ќе добиете уште десет други одговори. Искрен одговор е: Не знаеме затоа што имаме мало искуство со вирусот и не знаеме кога вакцината ќе биде овде. Сега зависи многу од мерките на сојузната влада дали можеме да го спречиме бранот како во Ломбардија. Очекувам дека ќе успееме. Но, пандемијата ќе нè задржи барем до крајот на јуни. Дотогаш, забранта за за одмори важи и во болницата вели Проф. мед. Филип Тар
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.