Околу 90 пожарникари реагираат и се обидуваат да го изгаснат пожарот, во кој се погодени приближно 20 хектари.

Објавил: Перо Милчин | 4 април, 2020 20:51

ДРАМА БЛИЗУ ЕЛЕКТРАНАТА ВО ЧЕРНОБИЛ: Гори 20 хектари шума, гасењето на пожарот го отежнува РАДИОАКТИВНОТО ЗРАЧЕЊЕ!

Фото/Текст извор: ©Ilustracija, Foto: Profimedia магазин.мк

Шумата околу поранешната нуклеарна централа во Чернобил гори и гаснењето го отежнува растот на радиоактивното зрачење, но нема опасност за населението, соопшти Киевската агенција за цивилна заштита.

Околу 90 пожарникари реагираат и се обидуваат да го изгаснат пожарот, во кој се погодени приближно 20 хектари.

Две авиони и хеликоптер беа испратени на подрачјето за да им помогнат на пожарникарите во гаснењето.
Радиоактивното зрачење е сè уште присутно по нуклеарната несреќа што се случи во 1986 година и ги попречува напорите на пожарникарите.

Експлозијата се случила на четвртиот реактор на нуклеарната електрана „Ленин“, во 01:23 26 април 1986 по московско време. Главна причина за несреќата пред сè била недоволно испитаната технологија на овој тип реактор и негова нестабилност при ниска сила на реакторот, но исто така не треба да се занемари човечкиот фактор, лошото управување и недоволното искуство на операторот со реакторот. Таа ноќ кога се случила несреќата, била предвидена реализација на експеримент на реакторот. Кога тестот започнал, опреаторите започнале со намалување на силата на реакторот. Реакторот бил со сила од 200 мегавати и бил многу тежок за контролирање, и затоа операторите извадиле голем број на шипки за регулација.

Чернобилска несреќа е најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.

На 26 април 1986 во 01:23:40 часот (22:23:40 по UTC) во нуклеарната централа во Чернобил ( 51°23′14″N, 30°06′41″E ), Украина дошло до експлозија. По првата, дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

Облакот во текот на неколку следни денови се распространил над западниот дел на СССР, делови од централна и северна Европа, па дури до источниот брег на Северна Америка. Големи површини од Украина, Русија и Белорусија биле тешко загадени, што предизвикало евакуација на над 336.000 луѓе од засегнатите подрачја.

Според официјалните податоци, околу 60% од создадениот радиоактивен материјал завршиле во Белорусија.
Несреќата предизвикала загриженост околу безбедноста на советските нуклеарни централи, поради што и запрела градбата на нови централи од истиот тип.

Поради високото ниво на радијација, околу нуклеарната централа е воспоставена забранета зона со површина од околу 2.600км², во која и до денес не е дозволен пристап на населението. Соседните градови Чернобил и Припјат се целосно напуштени.Самиот реактор е залиен со бетонски саркофаг дебел над 1 метар за да се спречи радиоактивното зрачење.

Покрај тоа, предизвикала голем број жртви од радијацијата, како и огромни трошоци на засегнатите земји за деконтаминација и здравствена заштита.

Поради таинственоста на властите во тогашниот Советски Сојуз, податоците за несреќата и последиците по животната околина и по здравјето на луѓето долго време не биле достапни.

Извештајот подготвен од Меѓународната агенција за атомска енергија и Светската здравствена организација заклучува дека 56 лица загинале во самата несреќа, и проценува дека уште 9.000 други починале од рак директно предизвикан од радијацијата. Властите првобитно се обиделе да го сокријат инцидентот, но го признале дури откако зголемени нивоа на радиоактивно зрачење биле регистрирани и во Шведска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Италија ќе добие околу 20 милијарди евра според новиот европски план за ублажување на влијанието на пандемијата на коронавирус врз работните места, објави денеска премиерот Џузепе Конте.


20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИТАЛИЈА ОД ЕУ: Тоа е голема помош за нашата земја!

Италија ќе добие околу 20 милијарди евра според новиот европски план за ублажување...

Сегашни и поранешни службеници на ЦИА изразија вџашеност поради сличноста помеѓу настаните дома и знаците за опаѓањето на демократијата кои се обучени да ги забележуваат кај други нации.

Ситуацијата во Америка им е вознемирувачкa!

Ситуацијата во Америка им е вознемирувачки позната на аналитичарите на ЦИА навикнати...

Затоа, воведените мерки немаат никаква врска со вирусот! Но, главниот производ на овие мерки е паника а таа е опасна.

ШОКАНТЕН АПЕЛ ОД ГЕРМАНСКИ ДОКТОР: Коронавирусот е плод на мафијашка измама!

Група германски лекари основаа здружение чија цел е да му ја кажат на светот вистината...