Лет кон Турција

Објавил: Калина Мартинска | 11 април, 2024 21:16

Драма во авион – патниците се степале, пилотот принудно слетал во Белград

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По инцидентот вчера вечерта полицијата упаднала во авионот од Манчестер за Турција. Летот бил пренасочен кон Србија поради непослушен патник во авионот.

Авионот на „Сан експрес“, кој полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција на 9 април во 19 часот и 30 минути, мораше принудно да слета во Белград поради патник кој нападна друг маж во авионот.

Поради инцидентот, авионот пристигнал на својата дестинација со два часа задоцнување, пишува Дејли Мејл.

На снимката снимена од вознемирените патници и споделена на социјалните мрежи јасно се гледа како еден маж вика и навредува друг патник, покажувајќи со прст кон него.

На крајот и авиокомпанијата „Сан експрес“ се огласи за настанот:

„По слетувањето во Белград, локалната полиција го извади патникот од авионот, а авионот продолжи кон Даламан, планираната дестинација“.

Тие исто така нагласуваат дека безбедноста на патниците им е најголем приоритет.

Лани во април масовна тепачка во авион

Повеќе луѓе се степаа на 20-ти април 2023 година на летот од Кернс до Дарвин во австралискиот Залив Карпентарија. Како резултат на тепачката некој го скршил прозорецот и авионот морал да изврши две принудни слетувања. Уапсени беа четири лица.

Откако избила првата тепачка со патници за време на летот, авионот принудно слетал во Кернс, а жената која го предизвикала инцидентот беше уапсена и обвинета за напад, непристојно однесување и непочитување на безбедносните упатства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.