Патничкиот авион се наоѓал на аеродромот кога избувнал пожар на левата страна од леталото, а сето тоа го забележаа камерите.

Објавил: Весна Петровска | 13 ноември, 2019 15:25

Драма во Египет: Се запали авион со 196 патници и членови на посадата пет минути по слетувањето

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Авион Боинг 737 – 800 со 196 патници и членови на посадата се запалил пет минути по слетувањето на аеродромот во Шарм ел Шеик во Египет.

Патничкиот авион се наоѓал на аеродромот кога избувнал пожар на левата страна од леталото, а сето тоа го забележаа камерите.

Според сајот на авиокомпанијата Airlive.net, од авионот протекла хидраулична течност која капела врз врелите кочници на леталото, што и довело до пожар.

Итните служби веднаш го изгасиле пламенот, а патниците и посадата безбедно излегле.

Според сајтот за следење на летот Флајт Радар 24, ова летало е старо 15 години и од неодамна е повторно во функција.

Според податоците на Флајт Глобал, во авионот имало 189 патници и 7 членови на посадата.

Портпаролот на египетското министерство за цивилно воздухопловство рече дека пожарот можел да прерасне во вистинска катастрофа.

Според зборовите на министерството, огнот би се проширил и на другите делови од авионот доколку персоналот не постапувал професионално.

Видеотот може да го погледнете ТУКА 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.