Како што објави ТВ Пинк, Бранко Л. денеска на пладне упаднал во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, во канцеларија на првиот кат. Бранко извадил пиштол и од благајникот и сметководителот, побарал 200.000 евра, наводно за одбрана на Косово и Црна Гора”.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јули, 2019 20:14

Драма во Српската православна црква: Вооружен маж барал 200.000 евра за одбрана на Косово и Црна Гора

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

42 годишниот Бранко Л, кој е државјанин на Црна Гора, денеска бил приведен од страна на полицијата поради вооружен напад врз Српската православна црква во Белград.

Како што објави ТВ Пинк, Бранко Л. денеска на пладне упаднал во зградата на Патријаршијата на Српската православна црква во центарот на Белград, во канцеларија на првиот кат. Бранко извадил пиштол и од благајникот и сметководителот, побарал 200.000 евра, наводно за одбрана на Косово и Црна Гора”.

Вооружениот Бранко Л. барал 200.000 евра за одбрана на Црна Гора и Косово

Додека траела драмата, еден од заложниците кои биле на лице место успеал да повика полиција.

Полицијата реагирала навремено, а по приведувањето се утврдило дека станува збор за лицето Бранко Л. кој всушност бил поранешен припадник на црквата и за кого нема полициско досие.

Напаѓачот поседувал пиштол марка „берета 765“, но за среќа во инцидентот никој не бил повреден.

Против Бранко ќе биде покренаната постапка.

Патријархот Иринеј, по инцидентот за српските медиумми изјави дека ниту малку не му било пријатно кога поранешниот припадник на црквата упаднал во зградата на Патријаршијата и побарал 200.000 евра.

Според изјавата од Кабинетот на патријархот драмата траела повеќе од еден час.

Од таму велат дека ситуацијата била сериозна, дека лицето упаднало во просторијата до вратата на Патријархот а преговорите со него траеле повеќе од еден час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Токму поради своја самоодбрана студентите на Медицинскиот факултет во Софија, соседна Бугарија започнале со обука за самоодбрана и заштита од напади.

Во Бугарија воведени задолжителни часови по карате за самоодбрана од пациенти

Се почесто сме сведоци на напади врз докторите од страна на пациентите кои поради незадоволство,...

Потpecoт како што соопшти Заводот за сеизмологија на Албанија, во саботата во 16:04 часот беше во Драч со јачина од 5,8 степени по Рихтеровата скала, со епицентар во Албанија, во морето меѓу градовите Синѓин и Драч. Таа вечер најмалку 500 луѓе ја минаа ноќта во пpивремени зacoлништa.

За два дена регистрирани над 340 земјотреси во Албанија

За два дена дури 340 поcледователни зeмjoтpecи се рeгистрирани во Албанија, по зeмјoтpecoт...

На седницата на Владата одлучено е полицијата да биде на готовс за да ја контролира ситуацијата по земјотресот.

Погледнете го моментот кога започна пеколниот земјотрес во Албанија: Водителката во ЖИВО читаше вести, студиото се тресеше, а нејзиниот поглед зборува се

Најмалку 108 лица се повредени во силниот земјотрес кој вчера ја погоди Албанија, а моментот...

Тој тврди дека доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, тајно ја пренел документацијата во Ватикан со најлоши докази за грозоморните злосторства направени во Јасеновац. Тоа го направил со помош на неговиот соработник, хрватскиот функционер Иван Стив Крајачиќ, а единствен кој дознал за тоа бил Александар Лека Ранковиќ, тогашниот потпретседател на СФРЈ, поради што беше експресно сменет и протеран. 

Тајна чувана од 1966 година: Тито лично ги сокрил доказите за убиените Срби во Јасеновац

Некогашниот претседател на претседателството на СФР Југославија, Борисав Јовиќ,...