Во инцидентот никој не бил повреден, а Борисов безбедно слетал јавува Спутнјик.

Објавил: Сара Фемина | 16 ноември, 2019 21:54

ДРАМА НАД СОФИЈА: Авионот на Борисов принудно слетал – Се расипа системот за слетување, пилотот со експресна реакција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владиниот авион на Бугарија ФАЛКОН, со премиерот Бојко Борисов вчера морал принудно да слета во Софија, јавува агенцијата БГНЕС.

Системот за слетување се расипал веднаш откако пилотот пробал да го приземји авионот. Пилотот морал да почека и целата процедура да ја направи мануелно.

Во инцидентот никој не бил повреден, а Борисов безбедно слетал јавува Спутнјик.

Бојко Методиев Борисов е бугарски политичар, актуелен премиер на Бугарија. Претходно бил премиер во периодот од 2009 до 2013 година, лидер на партијата ГЕРБ и градоначалник на Софија од 2005 до 2009.

Бојко Борисов е роден на 13 јуни 1959 година во село (денес град) Банќа. Дипломира во 1982 година на Високата школа на Министерство на внатрешните работи како инженер. Има добиено чин на поручик по Пожарна безбедност.

Истата година Борисов се вработил во Софиската градска управа на МВР како командир на вод, а подоцна тоа било преименувано во командир на чета.
Од 1985 година па сѐ до 1990 Бојко Борисов е предавач во Вишиот институт за подготовка на офицери и научноистражувачка дејност на бугарското МВР.

На почетокот од преговорите меѓу Македонија и Грција кога не беше соопштено компромисното име Северна Македонија, бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека тоа име е не е прифатливо за Македонија со образложение дека тоа име има територијални претензии кон Пиринска Македонија

Во 1982 година ја брани докторската дисертација.

За време на т.н. „преродбен процес“, тој е назначен за командир на бригада во Дулово, Каолиново и во Разград, којашто ја чувала општествената безбедност по масовите иселувања на местните жители во Турција.

Од 1978 година Бојко Борисов професионално се бави со карате (има добиено црн појас). Долги години работел како тренер на националниот одбор на Бугарија по карате, а исто така и како судија по меѓународни натпревари по карате.

Во 1990 година Борисов го напушта системот на МВР, се откажува да се деполитизира и останува член на БКП. Во 1991 година, тој ја основа фирмата за лично обезбедување „Ипон-1“, којашто ги обезбедува познатите бугарски политичари како Тодор Живков.

Во 2001 година Бојко Борисов е назначен на должноста „главен секретар на бугарското МВР“ и е унапреден со доделувањето на чинот полковник, а од 2002 година претседателот на Бугарија Георги Прванов му го доделил чинот генерал мајор. Во 2004 година го добил чинот генерал потполковник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Конкретно, Вашингтон подготвува „санкциски трик“ против Северниот ток 2 и очекува дека ќе го објаваат пред Нова година, објаснува германскиот весник.

АМЕРИКА ПОДГОТВУВА НОВОГОДИШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ПУТИН: Германски Билд открива интересно сознание!

САД се уште не може да ја запре изградбата на „гасоводот на Путин“, пишува Билд. Конкретно,...

Таа и нејзината ќерка депортирана е од Турција. Ирската полиција , како што се очекува треба да го истражи обвинувањето за тероризам.

БИЛА ИРСКИ ВОЈНИК, А ПОТОА СТАНАЛА НЕВЕСТА НА ЏИХАД: Тврди дека не е терорист, а сега мора и да го докаже тоа

Ирската државјанка Лиза Смит која заминала во Сирија како „невеста на џихадист“,...

Педофилот на судот го признал злосторството. Судот на 22. ноември му одреди притвор од два месеци, а се до 19. јануари 2020 година.

ХОРОР: Педофил влета во училиште, се преставил како доктор, па силувал 12-годишно девојче

Во едно училиште во Русија, маж без никаква препрека поминал покрај училишниот чувар,...

Јавноста веќе е запознаена дека Меркел имаше здравствени проблеми, и неколку пати неконтролирано се тресеше по што на сите важни настани мораше да седи, па во средата навечер, во Берлин, таа имала многу проблеми додека да се качи на бината.

(Видео) Меркел падна додека се качуваше на бина, се пошегува на своја сметка

Незгодна ситуација за Германската канцеларка Ангела Меркел откако падна од сцената...