Загрижувачки вести ни доаѓаат од Париз. Тренингот на Ѓоковиќ се откажа.
Новак имаше право да тренира 60 минути, но тој реши да го прескокне тренингот за да се одмори што е можно повеќе за утрешната пресметка со грчкиот тенисер, Циципас во полуфиналето на турнирот во Париз.
Физиотерапевтот на Ѓоковиќ, Милјан Амановиќ, јасно ќе има „полни раце работа“ со оглед на вчерашните болки на Ноле за време на мечот со Шпанецот Карењо-Буст.
Судирот меѓу Ѓоковиќ и Циципас е закажан за утре на Централниот терен, не пред 17 часот, но сега се поставува прашањето дали тој воопшто ќе игра и во каква здравствена состојба е најдобриот тенисер на планетата.
За сега е неизвесна ситуацијата дали утре Ѓоковиќ ќе се најде на тениските терени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.