Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…Се регистирани и зголемен број колапси на јавно место.

Објавил: Валерија Петрова | 13 август, 2019 9:47

Драстична промена на времето: По пеколните горештини не чека полошо време

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Цела земја е зафатена од топлотен бран со температури и големо УВ зрачење.  И денеска во Македонија е вклучен алармот за портокалофа фаза.

Метеролозите од утре најавуваат пороен дожд кој ќе трае неколку дена.

– Портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, ќе биде активирано денеска на територијата на цела држава. Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен. Во Скопје температурата ќе достигне до 41 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…Се регистирани и зголемен број колапси на јавно место.

Портокалова фаза со високи температури и УВ зрачење, од утре попладне невреме

Од УХМР посочуваат дека утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Температурата ќе достигне до 40 степени. Утре кон крајот на денот и в четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, прво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.

Во препораките се истакнува дека единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план, а со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Граѓаните во целиот летен период треба да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, што значи дека во текот на екстремно топли денови треба да останат подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, да носат светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да користат крема со висок заштитен фактор, да внесуваат помало количество храна, главно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна, да внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило, потребно одреден период да го проветрат, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, од Министерството препорачуваат задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови, а пред употребата таа да се загрее на + 100 степени и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Од Министерството за здравство потенцираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, а по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици во наредните денови посебно за најранливата категорија граѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој тврди дека лицето кое пристигна од Шутка не е Јанева и дека се работи за уште една како што вели тој лага на Зоран Заев.

МИЛЕНКО: ТОА НЕ Е КАТИЦА-ЛАЖАТ таа е пренесена е со хеликоптер од Јасен во Грција во куќа на еден наш богаташ-политичар

Екс обвинителката Катица Јанева оди во куќен притвор. Вака денеска одлучи скопскиот...

Таа истакна дека нивниот став бил негатиен во врска со излегувањето на Јанева од притворот во Шутка, вели шефицата на Обвинителството – Вилма Русковска, во изјава за „А1он“.

Со судии што ја пуштаат Катица дома, нема место во ЕУ- Рускоска бесна поради одлуката на Апелација

Откако денеска Апелациониот суд донесе одлука Катица Јанева да биде пуштена во домашен...

Вака некој со лаги тоа да го злоупотреби е нечесно кон јавноста и нека му е на чест на Милошоски, изјави во септември Заев.

Премиерот Заев уште во септември најави дека Јанева ќе биде пуштена во куќен притвор

Се потврдија информациите на пратеникот Антонио Милошоски кажани на лидерската...

Сите го познаваат капетан Џевдет кој е храбар војник, гордост на својата татковина. Тој е истовремено сопруг, бескрајно вљубен во својата сопруга, убавицата Азизе, но и грижлив татко на своите деца и добар син на својата мајка.

Познат крајот на мега хит серијата „Далеку од дома“- нема да ви се верува што ќе се случува

Актерите кои се прославија со легендарните улоги од “1001 ноќ” овојпат повторно ги...