УКИМ, а и останатите универзитети во Македонија, последниве години се далеку под 1000 место на Шангајската листа. За да се подобрат резултатите при рангирањето, неопходен е системски пристап, со конзистентни политики на државата кон науката.
Но, и препознавање на значењето на истражувањата и иновациите , како импакт во економскиот развој на општеството. Ова го кажа ректорката на УKИM, Биљана Ангелова, на денешната прослава на Светскиот ден на науката за мир и развој.
Систематски пристап кон науката и истражувањето , значи злголемување на буџетското финансирање на науката и восокото образование , како и следење и валоризирање на резултатите од научниот кадар , кои се базираат на универзални светски метрики, за мерење на научните резултати, рече Биљана Ангелова- ректорка на УКИМ.
Дека државата не вложува доволно во научно- истражувачката дејност , кажа и еден од добитниците на наградата за најдобар научник на УКИМ, во 2023 година. Професорот Трајанов од ФИНКИ настапи со статистика, споредувајќи колку помалку средства имала Македонија во 2021 година за објавување научен труд во дата базата Scopus, во однос на регионот и светот.
За да се објави труд , индексиран, референциран во Scopus, истражувачите од Србија имале на располагање 43% повеќе средства отколку што сме имале ние. Во Бугарија тоа било 84%, Хрватска- 93%. Во Словенија 3, 5 пати повеќе отколку што ние имаме за да објавиме еден труд, индексиран во Scopus. Во Шведска тоа е за 10 пати, Кина исто така 10 пати повеќе, кажа Димитар Трајанов, добиник на наградата за најдобар научник во 2023 година.
Подобрување на рангирањето на универзитетите во Македонија ќе се овозможи и во вработување млад кадар, кој во овие услови заминува во странство, кажа професорот Голабоски од универзитетот во Штип.
5000 научни работници имаме на универзитетите во Македонија. Од тие 5000, 4200 се доценти, вонредни и редовни професори. Само 800 асистенти има. Треба да биде обратно, рече Рубин Голабоски , професор на Универзитетот „ Гоце Делчев“- Штип.
Да се размисли и за проширување на критериумите за наградување на научницитете кои аплицирале и добиле голем број проекти , рече професорот Владимир Трајковиќ од ФИНКИ, еден од добитниците на плакета за врвни достигнувања во науката, за 2023 година. Тој предложи и интернационализација на УКИМ, со доаѓање не само на странски студенти, туку и професори.
Сотир Трајков
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.