
Македонија
Вести
Цената за струјата во домаќинствата се зголемува за 7.4 отсто. Од идниот месец еден киловат наместо 5.54 денари ќе чини околу 5.9 денари за висока, а старите 2.78 за ниска тарифа се зголемуваат на 2.9 денари.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кажа дека електричната енергија за сите потрошувачи од идниот месец поскапува за 7,4 проценти.
Ние знаеме дека со оваа одлука за зголемување на цената на струјата, ќе влијаеме врз сите крајни потрошувачи. Сега сметка на пример од 1.500 денари, ќе добие плус 100 денари“, пресмета Бислимовски!

Според него, еден од начините за надминување на ситуацијата со зголемувањето на цената на електричната енергија е зголемување на субвенциите за ранливи категории на потрошувачите.
Или пак, може да се прават соодветни анализи во однос на ДДВ-то како што се случи минатата година. Со ДДВ-то на топлинската енергија која се намали од 18 на 5 проценти, односно тоа влиајеше и за намалување на цената за 12%“, додаде Бислимоски.
Како што рече тој, укинување на евтината тарифа нема да има, односно, таквата тарифа ќе продолжи и понатаму да функционира како што беше и досега
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.