Во споменатиот износ се вклучени трошоците на преселување, интернет за новиот жител на државата, како и административните трошоци

Објавил: admin@magazin | 15 јуни, 2018 19:45

Држава во Америка нуди 10 000 долари на секој кој ќе се пресели таму

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Соочена со негативни демографски трендови, американската сојузна држава Вермонт е подготвена на секој Американец во работен однос кој својата работа ја извршува на далечина да му плати 10 илјади долари од некоја од другите сојузни држави да се пресели во Вермонт.

Во споменатиот износ се вклучени трошоците на преселување, интернет за новиот жител на државата, како и административните трошоци, додека самата награда на Вермонт за преселување изнесува 5000 долари.

– Сметаме дека како држава сме добро позиционирани за оние кои сакаат подобро да ја организираат својата работа на далечина – образложил челникот на локалната агенција за трговија и развој на заедницата Мајкл Ширлинг.

Тој изразил очекување дека понудата ќе мотивира на преселување семејства чиј еден член може да работи на далечина, а другиот да најде работа во Вермонт.

На ваков потег Вермонт се одлучил по зголеменото стареење на населението и намалување на бројот на оние кои плаќаат данок. Со 623 илјади жители Вермонт, е американска држава со најмал број на жители и меѓу шест држави со најмала територија.

Со наградување на доселеникот Вермон ќе почне од следната година кога, ќе биде тестот за да се видат резултатите.

Оваа „понуда“ почнува да важи од 1-ви јануари 2019-та година и грантот ќе им биде доделен на 100 луѓе секоја година во првите 3 години. Потоа грантовите ќе се доделуваат на 20 луѓе годишно. Условот којшто треба да го исполнувате е да работите од дома за компанија чие седиште е надвор од Вермонт.

Ако не сте подготвени за толку голем чекор, од Вермонт нудат и нешто друго. Другата програма има за цел да ги поврзe посетителите со локалните работници со надеж дека ќе ги убедат да останат постојано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Дијаспора

Верувам дека гледате и следите како набрзина се брише, се ништи, се што е македонско. Исчезнува придавката македонски пред институциите, ги менуваат топонимите, од соседите слушаме дека дека македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот

Игор Дурловски: Вечерва сум илјадници километри далеку од дома, но без чувство дека сум во туѓина!

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на...

По вчерашната "средба" на т.н. македонска дијаспора со премиерот Заев не стивнуваат реакциите на организациите на дијаспората од САД и Европа

ОМД: “Ние се знаеме во САД и ниту една организација не пратила претставник кај Заев и Адеми”

На средбата која ја организираше министерот без ресот задолжен за односи со дијаспората...