Во соопштението на Државниот завод за статистика е пресметано намалување на индексите, на трошоците на животот во ноември 2018 година кај неколку производи.

Објавил: admin@magazin | 8 декември, 2018 11:31

Државен зaвод за статистика : Индекс на трошоци на живот во Ноември 2018 година

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.8, а индексот на цените на мало 99.5.

Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 14.3 %, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1.6 %, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.8 %, млекото за 0.6 %, другите пекарски производи за 0.3 %, брашното и другите жита, јогуртот за 0.2 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7.4.%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 4.2 %, гасот за домаќинствата за 2.2 %, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0.9 %, информатичката опрема за 0.6 %, телефон и телефакс-опремата за 0.4 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти, градините, растенијата и цвеќињата за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот за месец ноември е во голем пораст известуваат од Државниот завод за статистика.Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плподови во цела Македонија.

Пораст на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плподови, за 6.0 %, замрзнатото овошје за 2.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1.6 %, сирењето и урдата за 0.9 %, другите прехранбени производи за 0.8 %, конзервираното овошје за 0.6 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4 %, месото, рибата и морските плодови за 0.3 %.
Во ноември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2.3 %, парамедицинските услуги за 2.1 %, обувките за 1.0 %, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.4 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, забележа пораст од 1.2 %, а индексот на цените на мало забележа пораст за 1.9 %.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...