Македонија
Вести
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески тврди дека денешната снимка што ја објави италијанскиот весник „Ла верита“, на која, наводно, се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески изнудуваат пари од бизнисменот Орце Камчев не протекле од Обвинителството.
„Можам да ви кажам дека снимката објавена во италијанскиот весник не е од извор од Обвинителство“, вели Јовески во кусата порака до „Независен весник“.
Тој, како и обвинителката што го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска во моментов се надвор од државата поради користење годишен одмор.
На видео – снимката се споменува и името на шефицата на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, која, според Боки 13 е гарантот за слободата на Камчев во случајот „Империја“.
И Јанева во моментов користи годишен одмор и е надвор од државата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.