На последното збогување со кралицата Елизабета Втора се очекуваат толку многу луѓе, како никогаш претходно – гости од цел свет и милијарди луѓе пред телевизорите ширум светот. Каков е распоредот за денот на погребот?
Луѓето можеа да се збогуваат со кралицата Елизабета Втора до изутринава, во 6:30 часот. Нешто пред 11 часот, ковчегот од Вестминстерската палата ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија, на комеморација со 2.000 почесни гости.
Кулминација за националниот ден на жалост ќе биде двеминутниот молк нешто пред 12 часот. Цела Велика Британија и Северна Ирска во тишина ќе ѝ оддадат почит на починатата Кралица. Мирно ќе биде дури и на небото – полетувањата и слетувањата на аеродромот Хитроу ќе бидат за краток период стопирани за да не се слуша ни звукот од авионите над Лондон. По молкот, во Вестминстерската опатија на крај на богослужбата со 2000 почесни гости ќе се свири националната химна, а ќе пеат многумина во земјата. Текстот на химната е променет:„Господе, чувај го Кралот!“.
Богослужбата и поворката ќе се пренесуваат во живо на плоштадите ширум Кралството на видео бимови.
Крајот бил планиран до последен детал
Одделите за протокол во Бакингемската палата и на британската влада ја имаат планирано до последен детал операцијата „Лондонскиот мост падна“. На концептот за десетте дена меѓу смртта на Кралицата и нејзиниот погреб е работено со години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.